• За нас
    • Мисија и Визија
    • Финска Методологија
    • Наставен Кадар
    • Алумни
  • Настава
    • Насоки
      • Општествено-хуманистичка насока A/Б
      • Прородно-математичка насока А/Б
    • Е-библиотека
    • Билингвална Настава
    • Информатичка секција
    • Лабораторија
    • Драмска секција
    • Географска секција
    • Материјали за основци
  • Сертификати
    • Microsoft Office Specialist
    • CISCO Networking Academy
    • WIDA International Schools Consortium
    • College Board
  • Уписи
    • Конкурс за упис
    • Трансфер на ученици
    • Трошоци за школарина
    • Конкурс за стипендија
    • Апликација за Упис
  • Новости
    • До Министерство за образование и наука
    • Активности
  • Натпревари
    • Конкурс PSAT 2022/2023
    • PSAT 8/9 results 2023
    • Материјали за тестирањето PSAT 2022/2023
    • НАТПРЕВАР по ИНФОРМАТИКА
  • Контакт
  • Алгоритам Едукативен Центар
    • ЛЕТНИ ЦЕЛОДНЕВНИ РАБОТИЛНИЦИ
    • Едукативен центар
    • Детски едукативен центар
      • НАТПРЕВАР по ИНФОРМАТИКА
      • Програмирање во Python
      • Курс HTML/CSS и WordPress

  • mk
  • en

+389 23116-750
+389 75 330-531
info@algoritam.mk
Courses
Webmail
Ednevnik
ПСУ АлгоритамПСУ Алгоритам
  • За нас
    • Мисија и Визија
    • Финска Методологија
    • Наставен Кадар
    • Алумни
  • Настава
    • Насоки
      • Општествено-хуманистичка насока A/Б
      • Прородно-математичка насока А/Б
    • Е-библиотека
    • Билингвална Настава
    • Информатичка секција
    • Лабораторија
    • Драмска секција
    • Географска секција
    • Материјали за основци
  • Сертификати
    • Microsoft Office Specialist
    • CISCO Networking Academy
    • WIDA International Schools Consortium
    • College Board
  • Уписи
    • Конкурс за упис
    • Трансфер на ученици
    • Трошоци за школарина
    • Конкурс за стипендија
    • Апликација за Упис
  • Новости
    • До Министерство за образование и наука
    • Активности
  • Натпревари
    • Конкурс PSAT 2022/2023
    • PSAT 8/9 results 2023
    • Материјали за тестирањето PSAT 2022/2023
    • НАТПРЕВАР по ИНФОРМАТИКА
  • Контакт
  • Алгоритам Едукативен Центар
    • ЛЕТНИ ЦЕЛОДНЕВНИ РАБОТИЛНИЦИ
    • Едукативен центар
    • Детски едукативен центар
      • НАТПРЕВАР по ИНФОРМАТИКА
      • Програмирање во Python
      • Курс HTML/CSS и WordPress

Нашиот Тим

Zoran-Zivchevski

Зоран Зивчевски

ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР

Зоран Зивчевски е роден на 4.7.1978 год. во Скопје.

Основно и средно образование (Раде Јовчевски-Корчагин) ги завршил во родниот град. Во јули 2004 година дипломира на Природно-математичкиот факултет, студии по математика, во Скопје, стекнувајќи се со звање дипломиран професор по математика.

Од 2004 година работи како програмски директор во Едукативниот центар „Алгоритам“ – Скопје, има петнаесетгодишно искуство како предавач/обучувач на различни обуки од област на информатиката, математиката, како и современи и креативни методи и техники во наставата, поминати обуки и реализирани самостојни обуки за возрасни, искуство во пишување прирачници и подготовка на on-line материјали, работа со бази на податоци, изработка на извештаи, координација на активности, високо ниво на организациски и комуникациски вештини, менаџмент на човечки ресурси.

Од самото основање во 2008 година, работи како заменик директор и проф. по математика во ПСУ „Алгоритам“. Одговорен за организација на воспитно – образовната дејност во училиштето, изработка на наставни материјали, социјални и рекреативни програми, советник за образовни и кариерни одлуки, односи со заедницата и родителите, дисциплина на учениците, обучувач за стандардизирано оценување, поддршка на училишни активности и инклузија на ученици.

Како професор по математика реализира наставна дејност по предметите математика, алгебра, линеарна алгебра и аналитичка геометрија, математичка анализа, согласно наставните програми на Бирото за развој на образованието. Авторизиран AP® Calculus Teacher за реализирање настава и менторирање ученици по предметот AP Calculus AB/BC (математичка анализа) според сопствена авторизирана наставна програма одобрена од AP (Advanced Placement) комисијата за ревизија во College Board.

Професорот реализира активна современа настава за стекнување и развивање на математички вештини за наоѓање, користење и презентирање на математички аргументи, развивање логичко, критичко и креативно математичко мислење, користење на стекнатите знаења во секојдневни ситуации, ценење на моќта и корисноста на математиката. Работи со талентирани ученици на подготовки за државни и меѓународни математички натпревари.

Ментор на талентирани ученици со освоени бројни награди на државни и меѓународни натпревари.

Во текот на својата работна кариера има работено на повеќе проекти:

Институција / компанија период позиција, опис на ангажман/активност/проект
Државен испитен центар – Скопје 2017 год. -2020 год. ·         Надворешен соработник

Оценувач на Државна матура по предметот математика.

Центар за образование на возрасни – Скопје 2016 год. ·         Професионален обучувач на обучувачи за возрасни

Стекнат сертификат за второ ниво на програмата „Професионален обучувач на обучувачи на возрасни“ за водење (coaching) во текот на нивниот процес и обучување на обучувачите на возрасни.

Центар за образование на возрасни – Скопје 2016 год. ·         Професионален обучувач на возрасни

Стекнат сертификат за прво ниво на програмата „Професионален обучувач на обучувачи на возрасни“ за подготовка, водење и евалуација на обука и сесии.

Државен испитен центар – Скопје 2016 год. ·         Надворешен соработник

Оценувач на Државна матура по предметот математика.

Приватно Средно Училиште Алгоритам Центар – СкопјеПродукциска куќа „Наше Маало“ 2016 год.2015 год. ·         Проектен менаџер

Осмислување, координација и реализација на активности во рамките на Кинофест – училиштен фестивал на кратки филмови, за ученици од основни и средни училишта.

Државен испитен центар – Скопје 2015 год. ·         Надворешен соработник

Оценувач на Државна матура по предметот математика.

Министерство за образование и наукаБиро за развој на образованието

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Центар за перманентно образование

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ –  Скопје, Филозофски факултет во Скопје

Универзитет „Гоце Делчев“ Факултет за образовни науки – Штип

Универзитет „Св. Климент Охридски“ Педагошки факултет Битола

Државен Универзитет во Тетово

2014-2015 год. ·         Проектен менаџер

Координација на обуки во рамките на Проектот за професионално усовршување на воспитно-образовниот кадар од основните и средните училишта во Република Македонија кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели од интерното и екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците во последните 2 учебни години.

Обуката беше спроведена за 4700 наставници од основните и средните училишта, распоредени во осум региони.

Државен испитен центар – Скопје 2014 год. ·         Надворешен соработник

Оценувач на Државна матура по предметот математика.

Министерство за транспорт и врски 2014 год. ·         Проектен координатор

Координација на обуки во рамките на Проектот за обука на дел од вработените за напредни компјутерски вештини Microsoft Word и Microsoft Excel.

Приватно Средно Училиште Алгоритам Центар – Скопје 2014 год. ·         Автор и проектен менаџер

Осмислување и реализирање на натпревар по англиски јазик и математика за ученици од основно образование (осмо и деветто одделение) во Република Македонија, согласно концептот на меѓународниот тест ReadiStep.

Приватно Средно Училиште Алгоритам Центар – Скопје Продукциска куќа „Наше Маало“ 2014 год.2013 год. ·         Проектен менаџер

Осмислување, координација и реализација на активности во рамките на Кинофест – училиштен фестивал на кратки филмови, за ученици од основни и средни училишта.

Приватно Средно Училиште Алгоритам Центар – Скопје3P Learning

Кабинет на претседателот на Република Македонија

2013 год. ·         Автор и проектен менаџер

Осмислување, координација и реализирање на активности во рамките на Светски ден на математиката (World Maths Day) – меѓународен онлајн натпревар по математика, најмасовно онлајн математичко натпреварување.

Натпреварот се реализираше како дел од Светските едукативни игри (World Education Games), со поддршка на UNICEF и под покровителство на Кабинетот на претседателот на РМ.

Фондација „е-Македонија“ на Македонски Телеком АД Скопје 2013 год.2012 год. ·         Проектен координатор

Едукација на ранливата група на социјално загрозените лица во Република Македонија, за вештини и знаења од областа на ИТ, преку отворање на компјутерски едукативни работилници.

Државен испитен центар – Скопје 2012 год. ·         Надворешен соработник

Оценувач на Државна матура по предметот математика.

Министерство за образование и наукаБиро за развој на образованието 2011 год. ·         Проектен координатор

Координација на обуки  на вработените во Бирото за развој на образованието на теми:

§  Образованието како специфична професија и работната организација како заедница

§  Личноста и заедницата – лична и колективна етика

  • Карактеристики на работната етика
  • Односи и комуникација помеѓу колегите
  • Односи со други личности
Министерство за образование и наукаБиро за развој на образованието 2011 год. ·         Координатор/проектен асистент

Обуки на наставници од 333 основни училишта во Република Македонија за Креирање на едноставни дигитални содржини за примена во наставата.

USAID/AED PEP Проект за основно образование 2011 год. ·         Главен координатор во организирање на тренинг активности и логистикаОпфатени програми:

§  ИКТ во образованието – обука на Едубунту Мастер тренери, обука на наставници за поддршка на информатичка технологија, обука на директори за примена на ИКТ во образовниот процес;

§  Користење на нови технологии во наставата;

§  Образование за вработливост и претприемништво во 21-от век.

Црвен крст на Град Скопје, Центар за поддршка во образованието на заедницата на бегалците 2011 год.2010 год. ·         Координатор на проект

Обука од областа на информатичката технологија за децата од заедницата на бегалците и барателите на азил во Република Македонија.

UNICEFМинистерство за образование и наука

Биро за развој на образованието

2011 год.2010 год.

2009 год.

·         Координатор на проект·

Секретар на националната група

Превенција на насилното однесување во основните училишта во Република Македонија.

Министерство за образование и наука Проект за модернизација на образованието 2005-2010 год. ·         Обучувач и проектен менаџер

Асистент, координатор и обучувач во Проектот за модернизација на образованието, Обука на наставници во текот на работата

Обуки по следните акредитирани програми:

§  Основни и напредни вештини по информатичка технологија

§  AutoCAD – 2D и 3D дизајнирање

§  Електронско оценување и тестирање

§  Изучување на англиски јазик со помош на ИКТ технологија

§  Современи и креативни методи за учење, техники на учење и менаџмент во училница

§  Демократизација на наставниот процес: пат кон креативно и ефективно учење

§  Развивање ефективни тимови и менаџмент на тимска работа

§  Развивање и менаџирање на ефективна и поддржувачка комуникација

§  Лидерски компетенции и менаџмент на ефективни тимови

§  Унапредување на здравјето и животната средина во училиште

USAID/AED PEP Проект за основно образование 2009 год. ·         Проектен координатор

Организација на тренинг активности и логистика за обука на директори во 17 регионални работилници.

USAID/AED PEP Проект за основно образование 2009 год. ·         Проектен координатор

Организација на тренинг активности и логистика за Едубунту Мастер тренери и 30 регионални работилници за наставници за поддршка на информатичка технологија.

Влада на Република Македонија Генерален Секретаријат 2008 год.2007 год. ·         Проектен менаџер и обучувач

Обука од областа на информатичката технологија во рамките на проектот „Македонија – земја на информатичари“

2008 година: обука на 6.148 граѓани

2007 година: обука на 18.223 граѓани

Програмски директор: координатор и обучувач за обуките спроведени од Алгоритам Центар во рамките на проектот на Владата на РМ – „Македонија – земја на информатичари“

Град Скопје 2008 год. ·         Проектен координатор(1)

Спречување на насилство и разрешување на конфликти и развивање доверба во и меѓу училиштата на Град Скопје.

(2) Развивање проактивен однос на средношколците кон промените на градот преку водење ученички проекти.

Microsoft DOOEL – Skopje 2008 год. ·         Обучувач и проектен менаџер

Обучувач и координатор за напредни компјутерски вештини на наставници и професори од основни и средни училишта во Република Македонија.

Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Програма за образование на Роми – Ромаверзитас 2008 год. ·         Проектен координатор и обучувач

Координатор на обуки по компјутерски вештини на студенти Роми во рамките на програмата за образование на Роми – Ромаверзитас/ФООМ.

Општина Кисела Вода 2008 год. ·         Обучувач и проектен координатор

Обучувач и координатор на обуки по основни и напредни компјутерски вештини на вработените во општина Кисела Вода.

United Nations Development Programme (UNDP) in Macedonia 2007 год. ·         Обучувач и проектен координатор

Обучувач на библиотекари за основни и напредни компјутерски вештини во рамките на проектот „Пријателски библиотеки за сите граѓани“.

Фондација „е-Македонија“ на Македонски Телеком АД Скопје 2007 год. ·         Автор и проектен менаџер

Кокреатор и координатор на проектот за „Електронско оценување и тестирање“.

Обучувач на наставници и професори од основните и средните училишта во областа на информатичка технологија за софтвер за електронско тестирање.

zoran@algoritam.mk

Други Членови

Marina-Bozinova-1

м-р Марина Божинова

Директор
Vineta-Zdravkovikj-germanski-jazik_pp

Винета Жиковска-Здравковиќ

ПРОФЕСОР ПО ГЕРМАНСКИ
Goran-Stanikevski-Gorjanski_pp

Горан Станикевски-Горјански

ПРОФ. ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА
Pavlina-Buchevska-informatika_pp

Павлина Бучевска

ПРОФЕСОР ПО ИНФОРМАТИКА
Ana-Bogdanovska-Biznis-i-pretpriemnishtvo_pp

Ана Богдановска

ПРОФЕСОР ПО ЕКОНОМИЈА, БИЗНИС И МЕНАЏМЕНТ
Olga-Dimovska-matematika_pp

Олга Димовска

ПРОФЕСОР ПО МАТЕМАТИКА
Dejan Stankoski – Angliski jazik_pp-01-01

Дејан Станкоски

ПРОФЕСОР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК
Nena-Milkovski-biologija_pp

Нена Милковски

ПРОФЕСОР ПО БИОЛОГИЈА
Oliver Zajkov_pp

Оливер Зајков

ПРОФЕСОР ПО ФИЗИКА
viber_image_2023-01-27_10-05-16-112

Ана Пејовска

ПРОФ. ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА
Zorica Uzunovska prof po pravo_pp

Зорица Узуновска

ПРОФЕСОР ПО ВОВЕД ВО ПРАВО
Pavle Janakievski -istorija_pp

Павле Јанакиевски

ПРОФЕСОР ПО ИСТОРИЈА
Gorjan-Nikolovski-geografija_pp

Горјан Николовски

ПРОФЕСОР ПО ГЕОГРАФИЈА
Bobi Ivanovski – Filozofija_pp (2)

Боби Ивановски

ПРОФЕСОР ПО ФИЛОЗОФИЈА
12345_pp (1)

Слободан Танаскоски

ПРОФЕСОР ПО ЛАТИНСКИ ЈАЗИК
Gorana Jovanovski-Jurukovski fizicko_pp

Горана Јовановски-Јуруковски

ПРОФЕСОР ПО СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

Категории

  • Uncategorized @mk
  • Илустрација
  • Литература
  • Наставни Активности
  • Огласна Табла
  • Постигнувања
  • Филм
  • Што ме движи кога сè стои – дела

Најнови Написи

Собирање на електронски отпад
10Дек2021
[Видео] Јаков Пејовски – V одд.
06Мај2021
[Литература] Симона Бојковска – VI одд.
06Мај2021

Училиште посветено на вредностите на општествената активност, индивидуален пристап и демократичност во наставата.

Корисни Линкови

  • Webmail
  • Courses
  • Ednevnik

КОНТАКТ

+389 23116-750

+389 75 330-531

info@algoritam.mk

Бизнис Центар Палома Бјанка,
Даме Груев 16 - Кат 6, Скопје, Северна Македонија

Copyright © PHS Algoritam 2020