ap

ОБРАЗОВАНИЕТО Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО ИДНИНАТА


College Board е организација формирана во далечната 1900-та година од страна на 12 универзитети и колеџи со цел да го прошири пристапот до високото образование. Денес, College Board е меѓународна организација која се стреми кон подобро и подостапно образование за сите ученици. ПСУ Алгоритам Центар е едно од 23.000 средни училишта кои се членови на оваа меѓународна организација која се труди да го подобри пристапот и подготовката на учениците до 6000 колеџи и универзитети кои се членови на оваа организација. Главен приоритет на College Board се учениците, нивниот успех во образовниот процес и вклучувањето во системот на високо образование.

Секое големо патување започнува со трасирање на патот кон целта. Целта и мисијата на ПСУ Алгоритам Центар е да им овозможи на учениците од средните училишта достапност до современи, меѓународно признати образовни програми кои инспирираат квалитет, нудат признати сертификати, ја продлабочуваат културната свест и глобалното разбирање.

Комитетите и програмските оддели на College Board се задолжени за имплементација, проверка и авторизирање на наставните програми кои ќе се спроведуваат во училиштата, како и за подготовка, доставување и проверка на стандардизирани тестови за истите програми. Компјутерската проверка на точните одговори е алатката со која е однапред загарантирано правото на еднаквост за сите.

Програмите на College Board се многубројни и современи, а дел од нив ќе бидат достапни и во нашето училиште. Доколку сте заинтересирани за истражување погледнете ја следнава брошура и самојстојно запознајте се со можноста за успех.

A quick guide to the College Board’s programs and services (PDF 1.5MB)