“Ние ги учиме децата како да учат. Нашиот успех се темели на фактот дека учениците немаат страв, туку мотивација за да напредуваат и да знаат повеќе.”
Визија
Визија на гимназијата АЛГОРИТАМ е реализирање на средно образование кое ќе ги задоволува стандардите на воспоставениот образовен систем во Република Македонија и промовирање на европските академски и цивилизациски вредности, засновајќи се на принципите на:
- Образовна извонредност (teaching & learning excellence);
- Здрава образовна средина;
- Демократичност во наставата и на политиките на образовната институција;
- Примена и промоција на наставни стандарди коишто го оспособуваат ученикот за критичко и самостојно мислење;
- Промовирање на европските цивилизациски и академски вредности.
Мисија
Гимназијата АЛГОРИТАМ има за мисија да обезбеди образование кое се заснова врз принципите на академска извонредност (teaching and learning excellence), промоција на здрава училишна средина која подразбира демократско и креативно опкружување обезбедувајќи предуслови не само за физичко, туку и психичко здравје, современи наставни методи на интерактивност, и транспарентни техники на оценување коишто ја промовираат постојаната активност и креативност на ученикот, меѓу кои и самоевалуација. На учениците ќе им бидат понудени знаења и ќе се работи на нивното развивање вештини за свое постојано стручно надградување, за неопходноста од континуирано образование (life long learning) од кое универзитетската наобразба е еден дел.`.
Цели и задачи на училиштето
Целите и задачите на гимназијата АЛГОРИТАМ главно се детерминирани од внатрешните процеси и реформи на македонскиот образовен систем гледано во поширок, општествен контекст, како и од европските и светските движења и реформи на средното образование. Оттука, главната определба на приватното средно училиште е да се воспостави и развива современа и европски ориентирана образовна установа, која ќе се вклучи во европските образовни процеси.
Главна задача на училиштето е образување кадри според етаблираните стандарди на државата и според европските образовни и цивилизациски вредности, а своето знаење и труд да го вложат во развој на општеството на сопствената земја, но и да се оспособат за вклучување во европскиот пазар на трудот.