Врз основа на член 39, став 1 од Статутот на приватното средно училиште „Алгоритам Центар“ и член 8 од Правилникот за критериумите и постапката за упис на ученици, Наставничкиот совет на ПСУ „Алгоритам Центар“ распишува
КОНКУРС
за упис на ученици од 9-то одделение
во прва година гимназиско образование
учебна 2023/2024 година
ПСУ „Алгоритам Центар“ објавува КОНКУРС за запишување ученици од 9-то одделение во прва година во учебната 2023/2024 година за гимназиско образование.
УСЛОВИ:
Учениците за да се стекнат со статус на редовен ученик во ПСУ „Алгоритам Центар“ треба да пополнат и испратат апликација за упис на: info@algoritam.mk како и да достават оригинални свидетелства од претходните учебни години.
Потребни документи и начин на пријавување за ученици во прва година:
- Пополнета пријава (апликација) за упис, достапна во продолжение
- Свидетелства за завршено шесто, седмо и осмо одделение (дополнително ќе се достави и свидетелството за завршено деветто одделение) и
- Фотокопија од извод од Матична книга на родени.
Документите се доставуваат во тврда копија во просториите на училиштето или скенирани по електронски пат. По извршената селекција, идните ученици ќе биде потребно да ги достават оригиналите на документите.
Трошоци за школарина:
Трошоците за обезбедување на воспитно – образовната дејност се во износ од 133.000,00 денари за една учебна година.
Поволности:
5 % попуст за плаќање веднаш
Рок на аплицирање:
11.3.2023
Контакт информации:
e-mail: info@algoritam.mk
Адреса: ул. „Даме Груев“ бр. 16, БЦ Палома Бјанка, 6-ти кат, 1000 Скопје
Контакт лице:
М-р Марина Божинова, директор на ПСУ „Алгоритам Центар“