Принципи врз основа на кои работи Гимназијата Алгоритам – Фински метод на учење
(Учење на учениците како најдобро да учат и да стекнат вештини за иден успех)

Одговарајќи на предизвиците и случувањата Гимназија Алгоритам работи врз основа на принципите на Финскиот метод на учење.
Едукативниот систем претставува модел кој се стреми да создаде високо морални и одговорни личности како и психички стабилни и високо професионални академски граѓани на сите полиња кои ќе градат почит кон останатите култури и народи.
Стручни обуки за наставници за стекнување различни вештини и способности со цел дополнување и поддршка во одредени области во работата. Гимназија Алгоритам во изминатите години учествува во проекти кои вклучуваат методи и техники за постојано подобрување на наставата. Дел од тие проекти се: обука за современи и креативни методи и техники на учење, развивање на професионализмот во извршување на работните задачи, професионалниот однос кон учениците, родителите, наставниците и останатите вработени во училиштето, користење нови технологии во наставата, проектот за модернизација на образованието, обука на наставници во текот на работата, современи и креативни методи за учење, техники на учење и менаџмент во училница, демократизација на наставниот процес: пат кон креативно и ефективно учење, развивање ефективни тимови и менаџмент на тимска работа, унапредување на здравјето и животната средина во училиште. Наставната програма се фокусира на предавање вештини и стекнување знаења, наместо да ги подучуват самите содржини. Наставниците постојано го следат напредокот на учениците со цел да ги идентификуваат нивните добри и слаби страни. Високо обучените наставници употребуваат модифицирани и прилагодени предавања.
Гимназија Алгоритам ги потенцира вештините за развивање на: информатичка комуникациска технологија (ИКТ), меѓукултурна комуникација, активно учество во општеството и претприемништвото.
Системот се заснова на доверба и заемна поддршка на сите учесници во образовниот процес. Личниот раст и развој се однесува на развојот на самодовербата и мотивацијата. Секоја форма на споредба на резултатите на учениците може да доведе до намалување на чувството за самоефикасност особено кај учениците со потешкотии во учењето.
Учење преку проекти
Класовите се составени од најмногу 20 ученици. Наставата се фокусира на активно учење преку практична настава, со цел стимулирање на ученикот. Учењето преку проекти бара критичко размислување, решавање проблеми, соработка и различни форми на комуникација. Учениците треба да знаат да користат вештини за размислување и да научат да работат како тим.
Овој вид на учење ги подготвува учениците за академски, личен и кариерен успех со цел да се соочат со предизвиците во иднина. Во учењето базирано на проекти, учениците ги презентираат проектите пред своите родителите. Како резултат на тоа учениците развиваат критичко размислување, креативност и комуникациски вештини при изработка на проектот. Тие стекнуваат знаења и вештини при што работат подолг временски период за да истражуваат и да одговорат на автентично, ангажирано и сложено прашање, проблем или предизвик.
Училиштето располага со опремена лабараторија каде се прават најразлични практични експерименти. Нивото на разбирање се подобрува кога учениците се ангажирани во лабараторија. Училиштето овозможува добра основа за подготовка на учениците за научно образование. Наставата без практични активностите влијае на интересот на ученикот кон научни дисциплини кои резултираат со помала ориентираност кон природните науки.
Во интерес на соодветен избор на идната професија на учениците, во Гимназија Алгоритам се извршува тестирање на учениците од втора и трета година – професионална ориентација при што се одредуваат потенцијалите на секој ученик кои ќе дадат јасни патокази за одредување на идната професија.
Ставот на училиштето е дека учениците со специфични образовни потреби треба да добијат еднаква можност како и сите останати.
Дигитална програма во училиштето

Училиштето е со целосна дигитална програма. Наставниците користат e- Learning систем. Испраќање материјали, информации и тестови во електронска форма, кои можат да бидат лесно достапни на лаптоп и телефоните. Поттикнување на онлајн истражувања со цел користиње на дигиталните ресурси.
Развивање на емоционална интелегенција

Развивање на емоционалната интелегенција кај учениците со цел да ги подготви за идните предизвици при градење на личноста и понатамошниот образовен процес: препознавање емоции, развивање чуството на емпатија, донесување правилни одлуки и одржување стабилни односи. Развивањето на социјално-емоционалните вештини овозможуват постигнување повисоки успеси во подоцнежното образование.
Учење на учениците како да учат Едукативен систем на еднаковсти и соработка наместо на конкуренција и трка за успех, кој создава себични поеднинци кои ја манифестирааат негативна филозофија “целта ги оправдува средствата”. Негативниот контра продуктивен систем на казни наспроти награди го отстапува местото на искрено и упорно залагање на професорите. Системот на конкуренција ги изложува учениците на непотребен стрес, анкциозност и револт кој резултира со лоши оценки и дисциплински мерки.
Наставниците вложуваат многу во своите ученици да им ја објаснат секоја лекција на повеќе различни начини при тоа обрнувајќи внимание на секој ученик од класот, помагајќи им на секој од нив да го достигнат својот максимум.
Едукативниот систем во Алгоритам е основан на искреност и упорно залагање на наставниците преку флексибилни методи да ги научат учениците на потребното знаење, каде не постои опцијата за откажување. Голема љубов кон учениците креирајќи ја нивната иднина исполнета со вешти и вредности, обликување на идниот потенцијал на децата и високо морални насоки со добро обликувано знаење.
Рамноправен третман прилагоден кон потенцијалот на секое дете, вклучувајќи ги и оние со посебни образовни потреби.
Учење на учениците како на најлесен начин да научат. Во Финска не им даваат тестови на учениците до 18 години, согласно на овој принцип во Гимназија Алгоритам тестовите се сведени на минимум.
Наставниците ги учат децата како да учат: прилагодување на начинот кој е најлесен за учениците да го совладаат материјалот без притоа истиот да биде заборавен за краток временски период. Секое дете има различни потенцијили со секое од нив се работи посебно, неможе да очекуваме дека секое дете ќе знае да решава добро задачи по математика или пак ќе биде добар спортист. Работејќи со секое дете посебно се зголемува довебрата кај секој ученик градејќи го како добо изградена и среќна личност. Секое дете има потенцијал да постигне успех доколку му се обрне внимание, поддршка и разбирање. Секој ученик неможе да учи на ист начин и да има исти потенцијали. На часовите наставниците разговараат со децата со цел да го искажат своето мислење и својот став.
Наставниците се стремат да ги едуцираат децата како вистински, самосвесни лица, здрави, одговорни поединци кои сакаат да соработуваат, креативни визионери, кои ќе креираат иден свет според моделот на прогресивни идеи и сопствената среќа, интелигентни луѓе подготвени да изградат подобар свет на иднината. Домашните задачи се многу ретки бидејќи часот е доволен да се совлада предвидениот материјал низ најразлични активности.
Високо образовани наставници кои искрено ја сакаат својата професија се клучот на овој образовен метод, вредни за почит. Согласно на овој метод не постојат слаби ученици со секое дете се работи посебно, на оние ученици кои имаат потешкотии во учењето им се посветува повеќе внимание.
Учење на учениците да учат претставува основна стратегија на овој метод. Наставниците го даваат својот максимум да им го доближат наставниот материјал. Работа со деца бара добра педагошка основа и познавање на детската псхихологија, со цел наставниците да ги мотивираат учениците.

Основни принципи на едукативниот систем на Финска:

1. Фокусот на наставниците е да им помогнат на учениците да постигнат успех во иднина;

2. Гледање на учениците како индивидуи со различни потреби и интереси а не како идни членови на пазарот на трудот;

3. Фокусот е ставен на педагогијата, а технолгијата е комплементарна алатка.

На кој начин учениците треба да учат ?

1. Да бидат концентрирани на часот

Да научат да бидат концентрирани на часот, да бидат присутни ментално не само физички ,да бидат активни како и активно да слушаат.

2. Барање на помош при совладување на материјалот

Доколку на некое дете не му е јасно да побара помош од наставникот, да учи со разбирање а не да го совладува материјалот напамет, со што би го заборавил за краток временски период (запознавање со додатни материјали кои се достапни на интернет). Што би било покорисно, дали да го научи материјалот на памет и да добие добра оценка или иститот материјал да го раскаже со свои зборови за помалку добра оценка. Дали би сакале децата да имаат добри оценки иако материјалот го научиле на памет и постои можност за краток временски период да го заборават. Учениците не треба да ги меморираат сите информации од часот туку критички да размислуваат, односно да бараат решение на проблемот низ анализа, споредба, креација и евалуација.

3. Време за учење

Најдобро време кое им се посочува на учениците да учат е во текот на денот, а не во текот на ноќта. Навечер е време за спиење. Учениците треба да имаат квалитетен сон.