Vineta-Zdravkovikj-germanski-jazik_pp

Винета Жиковска-Здравковиќ

ПРОФЕСОР ПО ГЕРМАНСКИ

Винета Жиковска-Здравковиќ е родена на 11.11.1965 година. Го завршува нејзиното основно образование во „Јохан Хајнрих Песталоци“, а средното образование во „Јосип Броз Тито“ во Скопје.

Во 1988 година дипломира на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје на Филолошкиот факултет – оддел за германски јазик и литература.

За време на нејзините студии и подоцна учела на повеќе престижни факултети во Германија како што се „Martin Luther“ во Halle, „Albert Lugwig“ во Freiburg, „Humboldt Universität“ во Berlin, Universität Wien, Georg August University – Göttingen.

 

Дополнителна обука и сертификати:

Учество во летен семинар на универзитетот во Фраибург, Германија: Говорење и креативно пишување (90 часа)

Сертификат за учество во кампус на Универзитетот во Виена – Кампус Салзбург, за предавање на странски јазик: граматика, литература, говорење, со вкупен фонд од 60 часа во 1988 година и во 1989 година како предавач по германски јазик на странски ученици на проектот „Јазик и комуникација“.

Сертификат по методологија за предавање на германски јазик во Берлин – Humboltd Универзитет.

Bertiltz тренинг – за предавање на германски јазик. Сертификат за професионален обучувач за обучувачи по германски јазик.

Сертификат за дигитално предавање во Германија.

Доделена стипендија од страна на Goethe-Institut за програмата за напредна обука на професори по Германски јазик  во периодот од 15.9. – 6.12.2020 DLL 5 Lernmaterialien und Medien.

Во рамките на обуката го изработи истражувачкиот проект „Wie wirkt sich die ergänzende Erkundung einer Internetquelle auf das gemeinsame Verfassen von Texten zu einem Landeskunde-Thema aus“? (Влијанието на дополнително истражување преку интернет при групна изработка на текст на тема од културата).

 

 

Професионален преведувач

Од 1990 година е прогласена за постојан преведувач во Основниот суд 1 во Скопје.

Преведувач на следниве трудови:

Проф. д-р А. Стојмилов, Природно-математички факултет – Географија, „Просторна структура во Р. Македонија.“

Професор М.Т. Шапкалиска – Институт по Македонски јазик, „Мотиви во македонските средновековни балади“ и „Усната традиција во Македонија“.

Снежана Арсовска, Гинеколошко-акушерска клиника – Оддел за ин-витро оплодување, „Откривање на хромозомски анеуплоиди со квантитативна анализа на флуоресценција на ПЦР “.

 

Професионални активности во образование

Филолошки факултет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје – Оддел за германски јазик и литература.

Основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Центар за странски јазици, Младински културен центар.

Јазичен центар „Berlitz“.

Приватно средно училиште „Максимилијан“.

Од септември 2014 година е дел од „Гимназија Алгоритам“.

 

Обуки за возрасни:

Обука за обучувачи на возрасни обучувачи.

Обучувач за модерни и креативни методи и техники на учење.

Обучувач за бизнис етика – Развој на професионалност во  извршување на работните задачи, професионален став кон студенти, родители, наставници и други вработени во институцијата училиште.

 

Други Членови