ЈАВЕН ПОВИК
за учество на натпревар PSAT 8/9 (ReadiStep)
Гимназијата АЛГОРИТАМ организира натпревар по предметите англиски јазик и математика (PSAT 8/9 – меѓународен испит по англиски јазик и математика).
Право на учество имаат сите ученици од осмо и деветто одделение.
Учениците кои ќе покажат особен успех на натпреварот се стекнуваат со можност за добивање СТИПЕНДИЈА за гимназиско образование во Гимназијата АЛГОРИТАМ, како и полагање на PSAT 8/9 – меѓународно признаен испит и стекнување на валиден сертификат за истиот. Стекнатиот сертификат може да им послужи на учениците за добивање стипендии за високо образование надвор од државата.
Придобивки за наставниците
· Гимназијата АЛГОРИТАМ за секој професор ќе обезбеди наставни материјали, како и меѓународни стандарди на евалуација по предметите англиски јазик и математика.
· Секој наставник ќе добие сертификат за своето менторство на учениците.
Место на одржување на натпреварот:
ГИМНАЗИЈА АЛГОРИТАМ
ул. „Даме Груев“ бр. 16, 6 кат, БЦ Палома Бјанка, Скопје
Краен рок за пријавување на натпреварот:
06.03.2020 година
Начин на пријавување: Електронски преку менторите по англиски јазик и математика, со доставување на следните податоци: Име и презиме на ученикот, адреса, контакт телефонски број, училиште, одделение и име и презиме на менторот.
Контакт за дополнителни информации:
проф. Павлина Бучевска
тел: (02) 3116-750 / 076-339-428
e-mail: info@algoritam.mk