Собирање на електронски отпад

Учениците од гимназија Алгоритам во соработка со еколошката емисија „Агенда 21“, организираат собирање на електронски отпад со цел негово рециклирање. Сите граѓани на град Скопје кои имаат стари и неупотребливи електронски уреди како што се телефони, компјутери, принтери итн., во период од 10.12.2021 година до 17.12.2021 година, истите може да ги остават на портирницата на бизнис центарот „Палома Бјанка“. Ве покануваме заедно да придонесеме за почиста животна средина.

0