ПСУ „Алгоритам Центар“ ја нуди можноста за трансфер на ученици во сите четири години на гимназиско образование во учебната 2021/2022 година.
Учениците за да се стекнат со статус на редовен ученик во ПСУ „Алгоритам Центар“ треба да пополнат и испратат апликација за упис на: info@algoritam.mk како и да достават оригинални свидетелства од претходните учебни години.
Потребни документи и начин на пријавување:
- Пополнета пријава (апликација) за упис достапна во продолжение;
- Свидетелства за завршени претходни учебни години и
- Фотокопија од извод од Матична книга на родени.
Документите се доставуваат во тврда копија во просториите на училиштето, освен пополнетата апликација која се доставува електронски.
Надомест за школување:
Трошоците за обезбедување на воспитно – образовната дејност во гимназијата паѓаат на товар на родителот/старателот на ученикот кој плаќа надомест за школување во износ од 120.000,00 денари за една учебна година за плаќање веднаш или 133.000,00 денари за плаќање на 7 месечни рати.