Гимназија Алгоритам се стреми на своите ученици да им пренесе знаења и практични вештини кои им се потребни за живот во современо општество. Практикување на новите технологии и брзо совладување на нови апликации и програми е клучен аспект за успешна кариера без разлика на професионалната ориентација.
Затоа сметаме дека предметите информатика технологија, програмски јазици и дигитална уметност се важен дел во образовниот систем – посебно за развивање на логичко и креативно размислување.
Учениците кај нас имаат можност да ги научат основите на програмирањето преку две STEM роботи (Cue и AlphaBot) кои се добитници за најдобри помагала за совладување на логиката на програмирањето во 2019-та година. Преку нив сите апстрактни поими стануваат појасни и поблиски. Со помош на AlphaBot се анализираат микроконтролерите Raspberry Pie.
Во текот на четиригодишното гимназиско образование, учениците во Гимназија Алгоритам имаат можност да работат на реален проект за некоја институција или компанија т.е. правење на целосно функционална веб-страна во WordPress и целосно брендирање на компанијата.
Ученици го совладуваат структурното програмирање и објектно-ориентираната парадигма во C++, а во трета и четврта година се објаснуваат и понапредни податочни структури и алгоритми за сортирање, изминување на патеки итн.
За оние ученици кои пројавуваат особен интерес кон оваа област, постои можност за следење на програмските јазици Java, JavaScript и C#, како и градење на апликации со Node.js и AngularJS.
На предметот дигитална уметност  се спојуваат технологијата со креативното и се совладуваат повеќе апликации за графички дизајн: Photoshop, Illustrator, InDesign, како и апликации за правење на анимации и едитирање видеа меѓу кои е и After Effects.
Учениците создаваат дизајни за предметите околу нив, креираат постери, логоа, визит-картички, маички, брошури, дизајнираат веб-страни, анимираат и креираат кратки видеа.  Во текот на наставата сознаваат повеќе техники за добар дизајн и користат и online маркетинг алатки како што се Canvas, GoAnimate, RenderForest, AniMaker…
Ученците имаат пристап до огромна база на платени интернет туторијали за постојано надградување и самостојно учење.
На овој начин, учениците стекнуваат барани вештини и знаења на пазарот на трудот со кои лесно можат да најдат работа, како и да стекнат добра основа за нивно понатамошно академско образование во оваа област.