12345_pp (1)

Слободан Танаскоски

ПРОФЕСОР ПО ЛАТИНСКИ ЈАЗИК

Слободан Танасковски е роден на 09.06.1992 година во Скопје. Основно образование завршил во ОУ „Владо Тасевски“, а средно образование во СУГС Гимназија „Георги Димитров“ во Скопје. Во текот на средното образование учествува на државни натпревари по латински јазик одржани на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје.

Во 2013 година го започнува неговото високо образование како студент на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, насока Антички студии. Дипломира во 2019 година со просек 9.90, со труд на тема „Семантиката и симболиката на δράκων во хеленската митологија и книжевност“ и се стекнува со диплома – дипломиран класичен филолог.

Од мај 2017 е хонорарно ангажиран како секретар на редакцијата на електронското списание „Systasis” што го издава Здружението на класични филолози АНТИКА, каде е задолжен за техничко уредување и кореспонденција за потребите на списанието, во коешто има објавено и три студентски авторски трудови (во 2015 и 2019 година).

Од јуни 2018 е ангажиран и како секретар на Здружението АНТИКА, и како член на здружението учествува во организација, подготовка и реализација на општински, регионален и државен натпревар по латински јазик за ученици од средните училишта.

Од септември 2019 работи како професор по латински јазик во ПСУ „Алгоритам Центар“.

Изготвувач на целокупните наставни содржини по латински јазик за гимназиско образование во дигитална форма за интерна употреба во Гимназија „Алгоритам“;

Учесник во проектот: „Современи и креативни методи и техники на учење“.

Други Членови