Нена Милковски
Нена Милковски е родена на 14.1.1988 година во Штип.
Основно образование завршува како првенец на генерација во ОУ ,,Никола Карев’’ а во 2005 година матурира во ДСМУ ,,Јане Сандански” Штип, отсек фармацевтски техничар. Во текот на образованието освојува повеќе награди на општинско и државно ниво по предметите биологија и хемија.
Високо образование завршува во 2010 година на Природно-математичкиот факултет, на Институтот за биологија и се стекнува со звање Професор по биологија.
Во текот на студиите учествува во изработка на неколку проекти:
2008 година: Истражување на флора и фауна и присуство на ендемски видови во
национален парк Галичица;
2009 година: Влијание на климатските промени врз биолошката разновидност во
национален парк Маврово;
2010 година: Дипломира во лабораторијата за микробиологија на тема
микробиолошки и хемиски истражувања на водата и седиментот во пештерата Врело-кањон Матка. Проект кој се работел во соработка со МАНУ и меѓународна експедиција на нуркачи предводени од италијанскиот спелеонуркач Луиџи Касати.
Останати карактеристики
Учесник во проектот: Креирање на едноставни дигитални содржини за примена во наставата;
Учесник во проектот : Современи и креативни методи и техники на учење;
Активен учесник во тековните развојни програми за современи и кративни методи за учење, техники на учење и менаџмент во училница, демократизација на наставниот процес: пат кон креативно и ефективно учење;
Изготвувач на целокупните наставни содржини по биологија за гимназиско образование во дигитална форма за интерна употреба во Гимназија ,,Алгоритам’’.
Од јануар 2018 година е професор по биологија во ПСУ „Алгоритам“ во Скопје.
Нена Милковски е наставник кој има за цел со изучување на предметот биологија ученикот да може:
-да ги согледува, разбере и применува биолошките законитости во природата, во секојдневниот живот и стручниот контекст;
– да формира претстава заповрзаноста на градбата на човечкиот организам и животните процеси во хуманата биологија;
– да стекнува знаења од областа на хуманата генетика и да умее да ги применува во секојдневниот живот;
– да ја сфатат биологијата како експериментална наука во која се истражуваат биолошките појави и феномени;
-да се запознава со основите на истражувачката работа низ оспособување за самостојно набљудување, изработување на едноставни експерименти и ракување со прибор и апарати;
– да ги применува и трансферира стекнатите знаења и способности од изучуваните биолошки содржини, со што ќе формира комплексна претстава за човекот и природата.
- 2022/23г Преку Гимназзија Алгоритам активно учество во проектот Еразмус и соработка со училишта од Хрватска, Босна, Словенија и Романија на тема “Петтиот Елемент” (вода, воздух, почва и оган и нивно влијание на околината)
- 2022/23г Учесник во IT and Science proektot “Supershools RICO” и соработка на училиштето Алгоритам со училиштето IT Smart од Нови Сад