
Горјан Николовски
ПРОФЕСОР ПО ГЕОГРАФИЈА
Горјан Николовски е роден на 10.6.1983 година во Скопје.
Основното образование го завршува во ОУ “Јохан Хајнрих Песталоци” во 1998 година, а во 2002 година матурира во СУГС “Јосип Броз-Тито” – Скопје.
Во април 2008 година дипломира на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј‘, Природно-математички факултет на Инститотот за географија и се стекнува со звање дипломиран професор по географија.
Од септември 2009 год. работи како професор по географија во ПСУ „Алгоритам“ – Скопје.
Посебни професионални интереси и постигнувања:
- Учесник на Трет конгрес на географи од Република Македонија, Скопје, 2005 год.
- Сертификат за учество на “Lunar Reconnaissance Orbiter Project”–2008 год.
- Учесник на семинар за наставници и професори по географија од основните и средните училишта во организација на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, 2009 год.
- Сертификат за посетување и учество на курс по астрономија – „Основни принципи и вовед во астрономијата“, 2010 год.
- Учесник на Geography teachers’ seminar, Vienna – февруари 2012 год.
- Учесник на Семинар за сеизмичките ризици во западниот Балкан, организиран од Институтот за земјотресно инжинерство и инжинерска сеизмологија во Скопје, 2016 год.
- Изготвувач на целокупните тематски наставни содржини по географија за гимназиско образование во дигитална форма (PowerPoint и PDF презентации) за интерна употреба во гимназијата „Алгоритам“ – Скопје.
- Учесник во обуката: Современи и креативни методи и техники на учење.
- Истражување на климата и климастките промени во Р. Македонија и светот и нивното влијание врз животната средина.
Авторски и семинарски трудови
- Во август 1995 година започнал со следење и активно бележење на астрономските и климатските елементи и појави за град Скопје, а професионално се посветува на оваа проблематика, започнувајќи од мај 2004 година.
- Семинарски труд на тема „Патагонија“, Скопје, 2007 год.
- „Географски карактеристики на Амазонија“, 2008 год.
- Географија за I, II и III година (PowerPoint и PDF презентации) за интерна употреба во гимназијата „Алгоритам“ – Скопје.
- Просечни месечни и годишни вредности на метеоролошките елементи и појави за град Скопје, за период 1991 – 2010 год.
- Исланд – земја пример за ефикасно искористување на обновливите извори на енергија, Скопје, 2013 год.
- Климатски промени за град Скопје.
- Палеоклиматските услови и нивното влијание врз моделирањето на модерните климатски и метеоролошки елементи и појави.