
Ана Пејовска
Ана Пејовска е родена на 30.6.1991 година во Битола. Основното училиште го завршува во ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ – Кичево, а матурирала во ОСУ „Мирко Милески“ – Кичево.
Високо образование завршува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (група: Македонски јазик и јужнословенси јазици). Дипломира во јануари 2015 година со просек 9.33. Во 2015 година се запишува на втор факултет – Филозофски факултет – Скопје на Институтот за психологија. Во 2019 се стекнува со диплома – дипломиран психолог.
Во 2018 година се запишува на втор циклус студии на Универзитет ФОН на Факултетот за детективи и безбеднст.
Во 2014 година – пракса во СУГС Гимназија „Орце Николов“.
2014-2017 – предава македонски јазик како дополнителна настава во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ – Шуто Оризари.
Обуки и семинари
Учество на семинари „Млади Македонисти“ (2014-2017).
Обука за личен раст и развој – МИТ Универзитет (2016).
Обука за спроведување на истражување – МОФ (2017).
Член на школата за обука за наставници по јога при „Јога Сојуз на Македонија“.
Пракса во Прв семеен центар на Град Скопје – ХЕРА (2018-2019).
Учество на тренингот „10 дена мировна република – НВО „Мировна акција“ (2018).
Соработник во НВО „Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство“ ( 2018-2019).
Учество во програмата за семинари по дефектологија (2019).
Учесник во проектот: „Современи и креативни методи и техники на учење“.
Во 2020 година учествува на низа онлајн вебинари како што се: Развојни нарушувања и третман, организиран од ГАСПАР – центар за психофизичко здравје; Сензомоторен развој и интеграција на рефлекси, организиран од Здружение за дислексија АЈНШТАЈН;
Од април 2020 година работи како операторка на Националната линија за позитивно родителство.
Од октомври 2020 година започнува едукација во школата за семејна и системска психотерапија Алтернатива.