Јасна Трпкова
Во 2012 година дипломира на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Филолошки факултет, на Катедрата за англиски јазик и книжевност и се стекнала со диплома – професорка по англиски јазик и литература.
Во текот на привршувањето на студиите има престојувано во Њујорк, САД каде што се посветила на доусовршување на правилниот англиски изговор.
Се има здобиено со титула лауреатка како добитник на наградата “Чедо Јакимовски” за најдобра дебитантска стихозбирка “Нејасна”на национално ниво во 2011.
Од февруари 2024 работи како професорка по англиски јазик во ПСУ „Алгоритам“ – Скопје, Македонија.
Издвоени работни искуствва
Од април 2014 до мај 2015 работи како специјален едукатор во Хелен Дорон, Струмица (центар за иновативни едукативни методи). Таму се стекнува со уникатни методи за стимулирање на сензорниот, моторниот и когнитивниот развој на учениците, а наставата се одржува исклучиво на англиски јазик.
Од јуни 2015 до декември 2020 работи како едитор и тим лидер во австралиско-македонската маркетинг компанија Мегантик. Таму врши супервизија на писателскиот тим што вклучува задавање насоки, следење на нивната егзекуција, проверка и одобрување на финалниот труд на англиски јазик, обука на нови членови и изнаоѓање на креативни решенија.
Во 2022 работи како професорка по англиски во Simple Language Solutions Драчево, Скопје. Нејзините секојдневни обврски вклучуваат подготовка на наставен план, предавање на англиски јазик на деца од 3-18 годишна возраст, подготовка и прегледување на тестови. Главната цел е да се подигне нивото на разбирање и правилно користење на англискиот јазик.
2022/23г Асиситирање на Дејан Станкоски преку Гимназија Алгоритам во проектот Еразмус низ кој се остварила соработка со училишта од Хрватска, Босна, Словенија и Романија на тема “Петтиот Елемент” (вода, воздух, почва и оган и нивно влијание на околината).