Оливер Зајков
Истражувања за својот магистрески труд направил во Департманот за биофизика на Факултетот за физика и астрономија на Фраје-универзитетот во Амстердам. Магистрирал со одбрана на трудот “Истражување на фотосинтезата со примена на ултрабрза спектроскопија”во 1995 г. Истата година бил избран во звањето асистент.
Во 2004 г. на ПМФ ја одбранил докторската дисертација под наслов “Влијание на хипермедијалните методи за учење врз концептуалното и конвенционалното знаење од механика на средношколските ученици”. Како помлад асистент, и подоцна, како асистент на Институтот изведувал експериментални и нумерички вежби од следниве предмети: оптика, спектроскопија, биофизика, атомска и нуклеарна физика и методика на демонстрационите експерименти, за студентите на Групата физика; физика 2 со практикум и демонстрациони експерименти по физика на двопредметните студии по математика-физика; радијациона физика и општа физика за студентите од биомедицинските факултети и на студиските групи на ПМФ, а водел и хоспитации по предметот методика на наставата по физика со хоспитации на двопредметните студии по математика-физика.
Од учебната 2003/2004 г. ги држи предаваањата од предметите методика на демонстрационите експерименти за студентите на Групата физика, наставна насока, и демонстрациони експерименти по физика на студентите на двопредметните студии по математика-физика.
Во 2005 г. е избран во звањето доцент на Институтот за физика при ПМФ.
Досега учествувал во 3 научноистражувачки проекти и во 4 Темпус-проекти, раководени од членови на Институтот, како и во проектот Подобрување на квалитетот на наставата во Југоисточна Европа, кој имал поширок круг на учесници. Бил главен тренер во проектот Иновативно користење на ИКТ во наставата во основните училишта, под водство на EducationDevelopmentCenter од Вашингтон, а со подршка на USAID.
Во рамкитена овие проекти, за наставниците по физика во основните и во средните училишта одржал редица семинари и работилници на теми од следниве области: биофизика, примена на компјутерите во наставата, примена на експерименталните мерења и демонстрациите во наставата, подобрување на комуникацијата помеѓу наставниците и учениците, примена на редица софтверски пакети и платформи во наставата (Coach, Vizika, Oracle i–leaarning….) и иновативно користење на ИКТ во наставата. Своето образование го надградувал со учество на повеќе семинари и работилници, главно во институции од Европа: Универзитет во Амстердам (Холандија), универзитетите во Аугсбург, Ерланген и Нирнберг (Германија), EDC – USAID, International School for Advanced Studies во Трст (Италија). Превел и адаптирал два софтверски пакета Coach 5 Full и Coach 5 Junior и напишал редица прирачници за нивно користење.
Од областа на мултимедијата креирал CD за еден Темпус-проект, повеќе лекции за учење Физика во прва година на реформираното гимназиско образование, електронска книга Визика за втора година реформирано гимназиско образование (на веб- страницата на Oraclei–learning за учење на далечина).
Д-р Зајков е коавтор на три средношколски учебници, 6 книги-прирачници за софтвер, 11 научни публикации (7 во Годишниот зборник-Физика, 3 во зборници од интернационални конференции и еден во Physics Teacher). Aвтор или коавтор е на 8 стручни трудови, а присуствувал на 9 научни собири во земјата и во странство и на 10 семинари и воркшопови. Има дизајнирано 13 нови вежби. Работел на популаризација на физиката, снимил дваесет получасовни научно-популарни емисии на националната телевизија. Од 2004 е претседател на Друштвото на физичарите на РМ, организатор е на 30. Школа млади физичари, a во 2005 бил национален координатор на Светската година на физиката. Раководител е на Заводот за методика и општа физика.
Од 2011 год. е дел и од тимот на ПСУ „Алгоритам“ како проф. по Физика.