Горана Јовановски-Јуруковски
ПРОФЕСОР ПО СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ
Горана Јовановски-Јуруковски е родена во 1986 година во Белград. Основно и средно образование завршува во Белград и во текот на образованието успешно ја гради својата одбојкарска кариера и освојува многу награди и првенства. По 11 години тренирање одбојка, својата љубов кон спортот ја продолжува со запишување на Факултет за физичко образование, спорт и здравје во Белград. Факултетот го завршува во 2010 година и станува член на „Спортската асоцијација“ во Белград и учествува во многу проекти во наредниот период.
Во 2012 година се доселува во Скопје и почнува да работи како едукатор и тренер по пилатес и танц.
Горана е учесник на следниве проекти за деца од основно и средно училиште (2009-2011)
- Соработник во Сојуз за фитнес и рекреација во Белград
- Активен член на Сојуз за спорт и организатор на проектот „Фестивал за семејна рекреација“
- Ментор за вежби за корекција при Сојузот за рекреација во Белград
- Презентер на вежби за деца на „Саем за спорт“ во Белград, 2011 – 2012
Работно искуство:
- Фитнес тренер 2010-2020
- Тренер по танцување 2010-2020
- Пилатес тренер за дипломати 2012-2019
- Креатор на програма за деца во приватното училиште QSI во 2017 година
- Професор по спорт и спортски активности во Гимназија Алгоритам од 2019 година