Горан Михајлоски
Горан Михајлоски е роден на 05.04.1981 година во Скопје. Основно училиште завршил во ООУ Лазо Ангеловски – Скопје, додека средно образование завршил во Раде Јовчевски – Корчагин во Скопје.
Во 2005 година дипломира на Природно-математичкиот факултет во Скопје на наставна насока, и се стекнува со називот Дипломиран професор по математика.
Своето образование го продолжува на постдипломски студии на Економскиот факултет во Белград, Р. Србија на насока Квантитативна Анализа – Статистика. Во 2011 година ги завршува студиите и се стекнува со назив Магистер по Квантитативна анализа – Статистика.
Во периодот од 2007 година до 2010 година работи како помлад асистент по математика и статистика на МИТ Универзитетот во Скопје, каде реализира настава по следните претмети:
– Математика за економисти
– Финансиска математика
– Статистика
– Операциони истражувања
– Математика ( Факултет за компјутерски науки при МИТ – Универзитет)
Од 2012 година до 2023 година работи како професор по математика во средното електро-техничко училиште СЕТУ “Михајло Пупин” – Скопје.
Од 2007 година континуирано подготвува студенти за сите математички испити на техничите факултети Електро-технички факултет, Машински факултет и Факултет за информатички технологии и компјутерски науки.
Од 2018 година работи како обучувач за подготовка на математичкот дел за полагање на меѓународните тестови на англиски јазик за запишување на редовни и магистерски студии во странство, “SAT” , “GMAT” и “GRE”.
Горан Михајлоски го има објавено научниот труд , “Еднострана ендогеност на регресорите во панел – моделите”, Зборник на трудови, МИТ Универзитет – Скопје, 2010 год.
Останати технички вештини и компетенции кои ги поседува проф. Горан Михајлоски се:
– Одлично познавање на Microsoft Office како и континуирано користење на математичко-статистичките софтверски пакети : SPSS, E-Views, Mathematica.
– Анализирање на различни видови на податоци за магистерски и докторски трудови како и за други проекти.
– Основни познавања на програмскиот јазик Python преку користење во проекти со помош на следните негови библиотеки: Numpy , Pandas , Matplotlib.