Дејан Станкоски
Во 2011 година дипломира на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Филолошки факултет, на Катедрата за англиски јазик и книжевност – наставна насока и преведувачка насока паралелно и се стекнал со диплома – професор по англиски јазик и литература.
За време на студиите, престојувал во Лондон. Во 2014 година се преселил во Кина, каде живеел и работел пет години, првенствено во Хонг Конг, Гуангжу и Шангај. Се стекнал со интернационално искуство за наставно предавање и преку многубројни наставни, професионални или културни програми за размена низ азиските земји, како на пример Кина, Хонг Конг, Макао. Јапонија, Тајланд, Филипини, Малезија, Индонезија, Сингапур, Северна Кореја, Камбоџа и Виетнам. Повеќето студии и искуства се инструктор за англиски како втор јазик, IELTS обучен испитувач и професор по англиски јазик во основни, средни училишта и универзитети. Од септември 2019 работи како професор по англиски јазик во ПСУ „Алгоритам“ – Скопје, Македонија.
Издвоени работни искуства
Од фебруари 2017 до мај 2019 година работи како професор по англиски јазик во гимназијата Guangzhou No.2 Public High School, First Class High Schools of Guangdong Province. Главните обврски му биле поттикнување на студентите да ги развијат вештините за зборување за да се изразат соодветно на англиски јазик и создавање на пријатна училишна средина за да им се зголеми интересот кон изучување на јазикот. Дополнително, користењето на PowerPoint презентации на најразлични теми било со цел им се овозможи на студентите дискусии, дебати и разговори, како на пример астрономија, социјални мрежи и влијанието врз младите, културни разлики меѓу земји, музика, филмска и забавна индустија, историја, географија, спорт, храна и различни кујни, домови, животни, човековата еволуција или научни теми.
Од август 2014 до август 2019 година работи како професор и обучувач по сите јазични вештини (разбирање, слушање, читање, пишување, говорна интеракција и продукција) во International School Support Centre WhyVille Education во Кина. Главните обврски му биле туторство на интернационални студенти од целиот свет преку напредни јазични вештини за читање и пишување, детални прегледи со коментари на нивните есеи и состави кои се неопходни за нивен напредок во јазикот, правилна граматика и граматички структури, правопис и интерпункција.
Од септември 2015 до јули 2016 година работи како професор по англиски во Guangzhou High School of Foreign Languages, Economic and Technological Development District: Foreign Languages High School, Guangzhou, Кина.
Неговите секојдневни обврски и задачи вклучуваат предавање на англискиот јазик на студенти што не им е мајчин јазик, менаџерски способности и техники за управување со училницата, наставна програма за изработка на планови, подготовка на тестови, прегледување и повратна информација за усмената и напишаната работа. Главната цел е студентите да се мотивираат и охрабрат да го користат англискиот јазик во секојдневието.
Автор е на прирачници по предметот англиски јазик за гимназиско образование во дигитална форма за интерна употреба во Гимназија „Алгоритам“.
Изготвувач е на целокупните наставни содржини по предметот англиски јазик за гимназиско образование во дигитална форма за интерна употреба во Гимназија „Алгоритам“.
Учесник во проектот: „Современи и креативни методи и техники на учење“.
2022/23г Преку Гимназзија Алгоритам активно учество во проектот Еразмус и соработка со училишта од Хрватска, Босна, Словенија и Романија на тема “Петтиот Елемент” (вода, воздух, почва и оган и нивно влијание на околината)