Зоран Зивчевски
Зоран Зивчевски е роден на 4.7.1978 год. во Скопје.
Основно и средно образование (Раде Јовчевски-Корчагин) ги завршил во родниот град. Во јули 2004 година дипломира на Природно-математичкиот факултет, студии по математика, во Скопје, стекнувајќи се со звање дипломиран професор по математика.
Од 2004 година работи како програмски директор во Едукативниот центар „Алгоритам“ – Скопје, има петнаесетгодишно искуство како предавач/обучувач на различни обуки од област на информатиката, математиката, како и современи и креативни методи и техники во наставата, поминати обуки и реализирани самостојни обуки за возрасни, искуство во пишување прирачници и подготовка на on-line материјали, работа со бази на податоци, изработка на извештаи, координација на активности, високо ниво на организациски и комуникациски вештини, менаџмент на човечки ресурси.
Од самото основање во 2008 година, работи како заменик директор и проф. по математика во ПСУ „Алгоритам“. Одговорен за организација на воспитно – образовната дејност во училиштето, изработка на наставни материјали, социјални и рекреативни програми, советник за образовни и кариерни одлуки, односи со заедницата и родителите, дисциплина на учениците, обучувач за стандардизирано оценување, поддршка на училишни активности и инклузија на ученици.
Како професор по математика реализира наставна дејност по предметите математика, алгебра, линеарна алгебра и аналитичка геометрија, математичка анализа, согласно наставните програми на Бирото за развој на образованието. Авторизиран AP® Calculus Teacher за реализирање настава и менторирање ученици по предметот AP Calculus AB/BC (математичка анализа) според сопствена авторизирана наставна програма одобрена од AP (Advanced Placement) комисијата за ревизија во College Board.
Професорот реализира активна современа настава за стекнување и развивање на математички вештини за наоѓање, користење и презентирање на математички аргументи, развивање логичко, критичко и креативно математичко мислење, користење на стекнатите знаења во секојдневни ситуации, ценење на моќта и корисноста на математиката. Работи со талентирани ученици на подготовки за државни и меѓународни математички натпревари.
Ментор на талентирани ученици со освоени бројни награди на државни и меѓународни натпревари.
Во текот на својата работна кариера има работено на повеќе проекти:
Институција / компанија | период | позиција, опис на ангажман/активност/проект |
Државен испитен центар – Скопје | 2017 год. -2020 год. | · Надворешен соработник
Оценувач на Државна матура по предметот математика. |
Центар за образование на возрасни – Скопје | 2016 год. | · Професионален обучувач на обучувачи за возрасни
Стекнат сертификат за второ ниво на програмата „Професионален обучувач на обучувачи на возрасни“ за водење (coaching) во текот на нивниот процес и обучување на обучувачите на возрасни. |
Центар за образование на возрасни – Скопје | 2016 год. | · Професионален обучувач на возрасни
Стекнат сертификат за прво ниво на програмата „Професионален обучувач на обучувачи на возрасни“ за подготовка, водење и евалуација на обука и сесии. |
Државен испитен центар – Скопје | 2016 год. | · Надворешен соработник
Оценувач на Државна матура по предметот математика. |
Приватно Средно Училиште Алгоритам Центар – СкопјеПродукциска куќа „Наше Маало“ | 2016 год.2015 год. | · Проектен менаџер
Осмислување, координација и реализација на активности во рамките на Кинофест – училиштен фестивал на кратки филмови, за ученици од основни и средни училишта. |
Државен испитен центар – Скопје | 2015 год. | · Надворешен соработник
Оценувач на Државна матура по предметот математика. |
Министерство за образование и наукаБиро за развој на образованието
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Центар за перманентно образование Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Филозофски факултет во Скопје Универзитет „Гоце Делчев“ Факултет за образовни науки – Штип Универзитет „Св. Климент Охридски“ Педагошки факултет Битола Државен Универзитет во Тетово |
2014-2015 год. | · Проектен менаџер
Координација на обуки во рамките на Проектот за професионално усовршување на воспитно-образовниот кадар од основните и средните училишта во Република Македонија кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели од интерното и екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците во последните 2 учебни години. Обуката беше спроведена за 4700 наставници од основните и средните училишта, распоредени во осум региони. |
Државен испитен центар – Скопје | 2014 год. | · Надворешен соработник
Оценувач на Државна матура по предметот математика. |
Министерство за транспорт и врски | 2014 год. | · Проектен координатор
Координација на обуки во рамките на Проектот за обука на дел од вработените за напредни компјутерски вештини Microsoft Word и Microsoft Excel. |
Приватно Средно Училиште Алгоритам Центар – Скопје | 2014 год. | · Автор и проектен менаџер
Осмислување и реализирање на натпревар по англиски јазик и математика за ученици од основно образование (осмо и деветто одделение) во Република Македонија, согласно концептот на меѓународниот тест ReadiStep. |
Приватно Средно Училиште Алгоритам Центар – Скопје Продукциска куќа „Наше Маало“ | 2014 год.2013 год. | · Проектен менаџер
Осмислување, координација и реализација на активности во рамките на Кинофест – училиштен фестивал на кратки филмови, за ученици од основни и средни училишта. |
Приватно Средно Училиште Алгоритам Центар – Скопје3P Learning
Кабинет на претседателот на Република Македонија |
2013 год. | · Автор и проектен менаџер
Осмислување, координација и реализирање на активности во рамките на Светски ден на математиката (World Maths Day) – меѓународен онлајн натпревар по математика, најмасовно онлајн математичко натпреварување. Натпреварот се реализираше како дел од Светските едукативни игри (World Education Games), со поддршка на UNICEF и под покровителство на Кабинетот на претседателот на РМ. |
Фондација „е-Македонија“ на Македонски Телеком АД Скопје | 2013 год.2012 год. | · Проектен координатор
Едукација на ранливата група на социјално загрозените лица во Република Македонија, за вештини и знаења од областа на ИТ, преку отворање на компјутерски едукативни работилници. |
Државен испитен центар – Скопје | 2012 год. | · Надворешен соработник
Оценувач на Државна матура по предметот математика. |
Министерство за образование и наукаБиро за развој на образованието | 2011 год. | · Проектен координатор
Координација на обуки на вработените во Бирото за развој на образованието на теми: § Образованието како специфична професија и работната организација како заедница § Личноста и заедницата – лична и колективна етика
|
Министерство за образование и наукаБиро за развој на образованието | 2011 год. | · Координатор/проектен асистент
Обуки на наставници од 333 основни училишта во Република Македонија за Креирање на едноставни дигитални содржини за примена во наставата. |
USAID/AED PEP Проект за основно образование | 2011 год. | · Главен координатор во организирање на тренинг активности и логистикаОпфатени програми:
§ ИКТ во образованието – обука на Едубунту Мастер тренери, обука на наставници за поддршка на информатичка технологија, обука на директори за примена на ИКТ во образовниот процес; § Користење на нови технологии во наставата; § Образование за вработливост и претприемништво во 21-от век. |
Црвен крст на Град Скопје, Центар за поддршка во образованието на заедницата на бегалците | 2011 год.2010 год. | · Координатор на проект
Обука од областа на информатичката технологија за децата од заедницата на бегалците и барателите на азил во Република Македонија. |
UNICEFМинистерство за образование и наука
Биро за развој на образованието |
2011 год.2010 год.
2009 год. |
· Координатор на проект·
Секретар на националната група Превенција на насилното однесување во основните училишта во Република Македонија. |
Министерство за образование и наука Проект за модернизација на образованието | 2005-2010 год. | · Обучувач и проектен менаџер
Асистент, координатор и обучувач во Проектот за модернизација на образованието, Обука на наставници во текот на работата Обуки по следните акредитирани програми: § Основни и напредни вештини по информатичка технологија § AutoCAD – 2D и 3D дизајнирање § Електронско оценување и тестирање § Изучување на англиски јазик со помош на ИКТ технологија § Современи и креативни методи за учење, техники на учење и менаџмент во училница § Демократизација на наставниот процес: пат кон креативно и ефективно учење § Развивање ефективни тимови и менаџмент на тимска работа § Развивање и менаџирање на ефективна и поддржувачка комуникација § Лидерски компетенции и менаџмент на ефективни тимови § Унапредување на здравјето и животната средина во училиште |
USAID/AED PEP Проект за основно образование | 2009 год. | · Проектен координатор
Организација на тренинг активности и логистика за обука на директори во 17 регионални работилници. |
USAID/AED PEP Проект за основно образование | 2009 год. | · Проектен координатор
Организација на тренинг активности и логистика за Едубунту Мастер тренери и 30 регионални работилници за наставници за поддршка на информатичка технологија. |
Влада на Република Македонија Генерален Секретаријат | 2008 год.2007 год. | · Проектен менаџер и обучувач
Обука од областа на информатичката технологија во рамките на проектот „Македонија – земја на информатичари“ 2008 година: обука на 6.148 граѓани 2007 година: обука на 18.223 граѓани Програмски директор: координатор и обучувач за обуките спроведени од Алгоритам Центар во рамките на проектот на Владата на РМ – „Македонија – земја на информатичари“ |
Град Скопје | 2008 год. | · Проектен координатор(1)
Спречување на насилство и разрешување на конфликти и развивање доверба во и меѓу училиштата на Град Скопје. (2) Развивање проактивен однос на средношколците кон промените на градот преку водење ученички проекти. |
Microsoft DOOEL – Skopje | 2008 год. | · Обучувач и проектен менаџер
Обучувач и координатор за напредни компјутерски вештини на наставници и професори од основни и средни училишта во Република Македонија. |
Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Програма за образование на Роми – Ромаверзитас | 2008 год. | · Проектен координатор и обучувач
Координатор на обуки по компјутерски вештини на студенти Роми во рамките на програмата за образование на Роми – Ромаверзитас/ФООМ. |
Општина Кисела Вода | 2008 год. | · Обучувач и проектен координатор
Обучувач и координатор на обуки по основни и напредни компјутерски вештини на вработените во општина Кисела Вода. |
United Nations Development Programme (UNDP) in Macedonia | 2007 год. | · Обучувач и проектен координатор
Обучувач на библиотекари за основни и напредни компјутерски вештини во рамките на проектот „Пријателски библиотеки за сите граѓани“. |
Фондација „е-Македонија“ на Македонски Телеком АД Скопје | 2007 год. | · Автор и проектен менаџер
Кокреатор и координатор на проектот за „Електронско оценување и тестирање“. Обучувач на наставници и професори од основните и средните училишта во областа на информатичка технологија за софтвер за електронско тестирање. |