Резултати од наградниот конкурс за краток филм „Мојот свет денес“
Со големо задоволство ги објавуваме добитниците на наградниот конкурс за краток филм „Мојот свет денес“, во организација на Гимназија „Алгоритам“ во соработка со продукција „Аски Катаски“.
Им честитаме на сите учесници за креативноста, трудот и инспиративните приказни.
ДОБИТНИЦИ
1. Прва награда (Категорија I–VI одделение)
„Ехо на тишината“
ООУ „Видое Подгорец“, Струмица
2. Прва награда (Категорија VII–IX одделение)
„Моќта на зборовите“
ООУ „Јан Амос Коменски“, Карпош
3. Прва награда (Категорија Средно образование)
„Дел од нас“
СОУ „Јане Сандански“, Струмица
4. Награда за најдобра монтажа
„Мојот свет“
СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, Центар
5. Награда за најдобра фотографија
„Нераскажано“
СОУ „Наум Наумовски Борче“, Крушево
6. Награда за креативна употреба на вештачка интелигенција во филм
„Невидливото дете“
ООУ „Свети Јоаким Крчовски“, Крива Паланка
7. Награда од публиката
„Кога едно дете е исклучено — сите губиме“
ООУ „Страшо Пинџур“, Ѓорче Петров
8. Награда за филм што промовира интеркултурно пријателство
„Вистинско пријателство“
ООУ „Киро Глигоров“, Центар
Конкурсот уште еднаш покажа колку креативност, талент и силни пораки носат младите автори.
Им честитаме на добитниците и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.
Во прилог можете да ги погледнете победничките филмови.
Сите ќе добијат сертификати за учество, менторирање како и за освоената награда.
Победниците ќе бидат дополнително известени за подигнување на наградите.
Победничките филмови:
