Горјан Николовски – професор по Информатички технологии и дигитална уметност
Биографија на Горјан Николовски – ПСУ Алгоритам

Горјан Николовски
проф. по информатика
Горјан Николовски е роден на 10.6.1983 година во Скопје.
Oсновното образование го завршува во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци” во 1998 година, а во 2002 година матурира во СУГС „Јосип Броз-Тито” – Скопје.
Во април 2008 година дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Природно-математички факултет на Инститотот за географија и се стекнува со звање дипломиран професор по географија. Дополнително во 2025 година се стекнува со диплома по еко-информатика и примена на вештачката интелигенција во современиот образовен систем.
Како професор во ПСУ „Алгоритам Центар“ – Скопје работи од 2009 година, а од учебната 2024/25 година е ангажиран како професор по информатичка технологија и програмски јазици.
Посебни професионални интереси и постигнувања:
- Во 1995 година во Скопје се стекнува со диплома за учество и освоено I место на 35-та Градска смотра на младите техничари и природници, од областа „Астрономија“
- Учесник на Трет конгрес на географи од Република Македонија, Скопје, 2005 год.
- Сертификат за учество на “Lunar Reconnaissance Orbiter Project”–2008 год.
- Учесник на семинар за наставници и професори по географија од основните и средните училишта во организација на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, 2009 год.
- Сертификат за посетување и учество на курс по астрономија – „Основни принципи и вовед во астрономијата“, 2010 год.
- Учесник на Teachers’ seminar, Vienna – февруари 2012 год.
- Учесник на Семинар за сеизмичките ризици во западниот Балкан, организиран од Институтот за земјотресно инжинерство и инжинерска сеизмологија во Скопје, 2016 г.
- Изготвувач на целокупните тематски наставни содржини по информатика и програмски јазици за гимназиско образование во дигитална форма (PowerPoint и PDF презентации)
- Учесник во обуката: Современи и креативни методи и техники на учење.
- Истражување на климата и климастките промени во Р. Македонија и светот и нивното влијание врз животната средина.
- Благодарница за волонтерско учество и поддршка на психолошко-едукативната работилница за семејства со деца со попреченост и сиблинзи во Хотел Бисер, Струга, 22 – 24 март 2019 год.
- Комплетирање на курс по Географски информациски системи (ГИС)
- Комплетирање на курс по Microsoft Office, еко-информатика и иднината на вештачката интелигенција.
- Дигитализација на аналогни податоци.
- 3D Принтање, моделирање и менаџирање.
- Обука за обучувачи на возрасни обучувачи.
- Инсталација и одржување на Windows и Linux оперативни системи.
Авторски и семинарски трудови:
- Семинарски труд на тема „Патагонија“, Скопје, 2007 год.
- Просечни месечни и годишни вредности на метеоролошките елементи и појави за град Скопје, за период 1991 – 2010 год.
- Исланд – земја пример за ефикасно искористување на обновливите извори на енергија, Скопје, 2013 год.
- Климатски промени за град Скопје во XXI век.
- Палеоклиматските услови, дигитално мапирање и нивното влијание врз моделирањето на модерните климатски и метеоролошки елементи и појави.
- Еко-информатика на паметното домување.
- Етички дилеми кај AI (вештачката интелигенција)
