Ана Богдановска
Ана Богдановска е родена во 1970 година во Скопје каде го завршува основното образование, средното образование и Економскиот факултет. Од 1991 година е финансов раководител и генерален менаџер во многу приватни компании. Работи во областа на финансиите и сметководството.
Во текот на својата работна кариера има работено:
Во периодот 1992-1995 е финансов раководител во ЕЛ ДЕ комерц – овластен дистрибутер на Фиат и Алфа Ромео.
Во периодот 1996-2006 е управител во Маратон Скопје. Увозник и дистибутер на бебешка опрема, играчки и облека од Италија. Задолжена е за соработка со добавувачите од странство и купувачите во земјата. Целосно одговорна за финансиите и сметководството во фирмата.
Во 2007 год. ја основа сопствената фирма Монета плус Скопје која се занимава со давање консалтинг, сметководствени и финансиски услуги.
Во моментот, во согласност со законските прописи, е лиценцирана како овластен сметководител, а фирмата е лиценцирана како сметководствено биро.
Во периодот 2010-2014 е финансов раководител на првата приватна специјална болница за дијализа во РМ Диамед Скопје.
Активно учествува на многу домашни и странски семинари и саеми за медицина и дава значаен придонес за приватизација на дијализата а со тоа и подобрување на истата во Македонија.
Останати карактеристики
Во склоп на давањето финасиски услуги учествува во многу проекти заедно со своите клиенти и придонесува за изготвување предлог-бизнис планови како и нивна реализација. Изготвува извештаи според потребите на клиентите за поднесување во соодветните министерства, државни институции и банки.
Во тимот на Едукативниот центар а потоа и во Гимназијата Алгоритам е од самиот почеток.
Работи како финансов координатор во проектите на Едукативен центар Алгоритам и Гимназија Алгоритам.
.
Активно учествува во тековните развојни програми за современи и креативни методи за учење, техники на учење и менаџмент во училница; демократизација на наставниот процес: пат кон креативно и ефективно учење.
Автор е на прирачници по предметите Економија, Бизнис и претприемништво и Менаџмент за гимназиско образование во дигитална форма за интерна употреба во Гимназија „Алгоритам“.
Изготвувач е на целокупните наставни содржини по предметите Економија, Бизнис и претприемништво и Менаџмент за гимназиско образование во дигитална форма за интерна употреба во Гимназија „Алгоритам“.
Учесник во проектот: „Современи и креативни методи и техники на учење“.
Обучувач во проектот за основно образование: „Организација на тренинг активности и логистика за Едубунту“ (2009 год.).
Обучувач во проектот: „Креирање на едноставни дигитални содржини за примена во наставата“ (2011 год.).
Обучувач на вработени во образованието и други возрасни категории слушатели.
Обучувач за сметководствени обуки.
Обука за деловна етика – развивање на професионализмот во извршување на работните задачи, професионалниот однос кон учениците, родителите, наставниците и останатите вработени во училиштето;
Обука за обучувачи на обучувачи на возрасни.
- 2022/23г Помошник Координатор на IT and Science proektot “Supershools RICO” и соработка на училиштето Алгоритам со училиштето IT Smart од Нови Сад