Благој Гонов
Благој Гонов е роден во Валандово. Основно училиште завршил во ОУ „Јосип Броз Тито“ во Валандово а своето средно образование го завршил СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.
Високо образование завршува на Филолошкиот факултет„Блаже Конески“-Скопје на Катедрата за преведување и толкување на англиски јазик. Дополнително го надоградува своето образование на Филозофскиот факултет односно Инситутот за педагогија каде завршува Педагошка- методолошка доквалификација. Исто така, има положено и стручен испит.
За време на своите студии, својата пракса ја реализира во Институтот за Македонски јазик. Истовремено, учевствува на голем број домашни и меѓународни проекти, како протокол асистент на претставник од турската национална банка, превод на двојазични каталози на Македонската опера и балет како и бројни волонтерски општествени активности за почиста животна средина и подобра иднина на младите.
Благој Гонов својата кариера ја започнува во во ОУ „Јосип Броз Тито“ во Валандово како наставник по англиски јазик а потоа истата ја продолжува во Средното медицинско училиште на град Скопје „Д-р Панче Караѓозов“ .
Во гимназијата Алгоритам започува да работи во учебната 2024/2025 година.
Во рамките на својот кариерен развој Благој Гонов се има здобиено со голем број на реализирани обуки и добиени сертификати:
1.Сертификат за Современи педагошки практики, Новини и ИКТ алатки во наставата и инклузивно образование: дефинирање, предизвици и имплементација
2. Сертификат за Современи концепти за средно образование- новата улога на наставникот иновите стратегии за поучување и учење
3.Сертификат за Имплементација на наставните планови и програми од реформираното техничко образование
4.Сертификат за Нови методолошки пристапи во реформираното стручно образование со споделување на добри практики за планирање и следење на наставата
5.Сертификат за Мотивација на работното место
- Сертификат за спроведување на програмата УЧЕНИЧКА КОМПАНИЈА
- Сертификат за Раководење со проектен циклус при ученичка компанија
- Сертификат за освоено прво место во категоријата Интервју за вработување на англиски јазикна МАССУМ 2022 година
- Благодарница од Град Скопје за освоено прво место на регионалниот натпревар по англиски јазик организиран од Асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност на РСМ.
- Благодарница за особен придонес и афирмација на училиштето од директорот на Средното Медицинско училиште на Град Скопје” Д-р Панче Караѓозов”
11.Голем број на други пофалници и благодарници за освоени прво,второ и трето место на општински и регионални натпревари по англиски јазик организирани од ЕЛТАМ МК
- Сертификат за учество во проект “Поттикнување општествена одговорност кај младите прекуволонтерски активности”
- Сертификат за освоено второ место во категоријата Интервју за вработуваање на англиски јазик на МАССУМ 2023 година
- Сертификат за имплементација на едукативен проект “ Cross-KIC Girls go Circular
Стручни трудови:
Влијанието на технологијата врз успехот на учениците во средното стручно
Образование
Голем број на објавени статии за значењето на наставникот:
Наставникот е мисионер на мисија без крај..
Наставникот е значаен општествен чинител. Тој има витална улога во животот на учениците. Компетентноста на наставникот е фундамент за остварување на квалитетно образование. Токму надежта за човечкото спасение лежи во поучувањето. Со други зборови, наставникот има големо срце и помага во обликувањето на малите умови. Наставникот е интелигентен медиум на делување кој умее да го спушти своето интелектуално ниво на нивото на потребите на своите ученици и да ги усогласи своите методи на истите. Умешниот наставник настојува на максимално искористување на потенцијалите на учениците со цел да развијат способност за општествена свест и личен развој. Тој е градител на интелектуалните и психосоцијалните капацитети на своите ученици. Добриот наставник секогаш поседува просоцијални квалитети, емпатичен е кон потребите на останатите и има инстинктивна моќ на помагање. Во време на изгубени морални вредности, наставникот е тој што треба да сведочи за нивното значање. Наставникот со своето дејствување го гради достоинството на професијата. Големината на резултатите зависи од нивото на љубовта со која се работи работата.