Винета Жиковска-Здравковиќ
Винета Жиковска-Здравковиќ
ПРОФЕСОР ПО ГЕРМАНСКИ
Винета Жиковска-Здравковиќ е родена на 11.11.1965 година. Го завршува нејзиното основно образование во „Јохан Хајнрих Песталоци“, а средното образование во „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
Во 1988 година дипломира на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје на Филолошкиот факултет – оддел за германски јазик и литература.
За време на нејзините студии и подоцна учела на повеќе престижни факултети во Германија како што се „Martin Luther“ во Halle, „Albert Lugwig“ во Freiburg, „Humboldt Universität“ во Berlin, Universität Wien, Georg August University – Göttingen.
Дополнителна обука и сертификати:
Учество во летен семинар на универзитетот во Фраибург, Германија: Говорење и креативно пишување (90 часа)
Сертификат за учество во кампус на Универзитетот во Виена – Кампус Салзбург, за предавање на странски јазик: граматика, литература, говорење, со вкупен фонд од 60 часа во 1988 година и во 1989 година како предавач по германски јазик на странски ученици на проектот „Јазик и комуникација“.
Сертификат по методологија за предавање на германски јазик во Берлин – Humboltd Универзитет.
Bertiltz тренинг – за предавање на германски јазик. Сертификат за професионален обучувач за обучувачи по германски јазик.
Сертификат за дигитално предавање во Германија.
Доделена стипендија од страна на Goethe-Institut за програмата за напредна обука на професори по Германски:
- (2020) DLL 5 Lernmaterialien und Medien.
Во рамките на обуката го изработи истражувачкиот проект „Wie wirkt sich die ergänzende Erkundung einer Internetquelle auf das gemeinsame Verfassen von Texten zu einem Landeskunde-Thema aus“? (Влијанието на дополнително истражување преку интернет при групна изработка на текст на тема од културата);
- (2021) DLL 6 Curriculare Vorgaben und Unterrichtsplanung.
Во рамките на обуката го изработи истражувачкиот проект „Was passiert in meinem Unterricht in Bezug auf Motivation, wenn die TN eine Grammatikregel selbst entdecken?“
- (2023) DLL 10 DAF für Jugendliche .
- Во рамките на обуката го изработи истражувачкиот проект
Inwieweit verbessert sich die Selbstständigkeit der Lernenden, wenn sie sich im Ramen eines Miniprojektes zum vorgegebenen Thema für ein digitales Medium ihrer Wahl entscheiden, um das Mikroprojekt erfolgreich durchzuführen? (Какво е влијанието на мини-проекти во наставата со однапред дадена тема и дигитален медиум по избор врз самостојното учење?)
Професионален преведувач
Од 1990 година е поставена за постојан судски преведувач во Основниот суд 1 во Скопје.
Преведувач на следниве трудови:
Проф. д-р А. Стојмилов, Природно-математички факултет – Географија, „Просторна структура во Р. Македонија.“
Професор М.Т. Шапкалиска – Институт по Македонски јазик, „Мотиви во македонските средновековни балади“ и „Усната традиција во Македонија“.
Снежана Арсовска, Гинеколошко-акушерска клиника – Оддел за ин-витро оплодување, „Откривање на хромозомски анеуплоиди со квантитативна анализа на флуоресценција на ПЦР “.
Професионални активности во образование
Филолошки факултет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје – Оддел за германски јазик и литература.
Основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“.
Центар за странски јазици, Младински културен центар.
Јазичен центар „Berlitz“.
Приватно средно училиште „Максимилијан“.
Од септември 2014 година е дел од „Гимназија Алгоритам“.
Обуки за возрасни:
Обука за обучувачи на возрасни обучувачи.
Обучувач за модерни и креативни методи и техники на учење.
Обучувач за бизнис етика – Развој на професионалност во извршување на работните задачи, професионален став кон студенти, родители, наставници и други вработени во институцијата училиште.