[Литература] Марко Петрушев – III одд.
ШТО МЕ ДВИЖИ ДОДЕКА СЕ СТОИ?
Во моите соништа често јас патувам,
во непознати предели свратувам.
Замислувам…
Место со сончеви кули,
од улиците надеж блика,
во срцата љубов и среќа грее,
тоа место во светот, иднина се вика.
Таму утрата опоен мирис на млеко и мед шират,
таму птичјите гласови секогаш душа ќе ти смират.
Таму цветаат сончогледи и нарциси и ириси
и изгрејсонцето има најуабва боја.
На тоа место во светот е иднината моја.
Таму насмевката мостови гради,
таму секој во срцето добрина сади.
Таму боите на виножитото се поубави,
таму ѕвездите сребрен прав ронат,
и во сјаен венец се прелеваат со цветот,
таму дождовите капки најнежно ѕвонат,
таму е мојата иднина, на тоа место во светот.
И додеда се во место стои ,
мене ме движат соништата мои.
Ме движи копнежот,
ме движи надежта
и вербата во срце што блика,
за подобро место –иднина што се вика.
Ме движи љубовта и другарството,
сите ноти и весели бои,
но, таму некој горе судбината ни ја крои.