[Литература] Лука Поповиќ – VI одд.

,,ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СЀ СТОИ ‘’?

Започнува и втората година, од болувањето на светот од пандемијата Корона. Тивкиот невидлив непријател, завладеа со светската популација, не само територијално, туку и психички. Се наметна со свои правила во начинот на дејствување на луѓето, а го испреврте и нашиот дневен распоред. Нам, ни останува, да се навикнуваме на барањата од господин Ковид, со верба дека поскоро, ќе бидеме слободни во движењето, меѓу државите и кон македонските градови.

Новата реалност, го измени секојдневието на нас, учениците. Дојде време, кога компјутерот ги замени наставниците, а тастатурата е динамична тетратка со звучни букви. Нашата комуникација, се сведе на пораки и разговори преку социјалните мрежи. Исчезнаа моментите на дружба низ населба. Не им е лесно, ниту на возрасните. Динамичното утринско подготвување, е заменето со работа од дома, па скопските улици се пусти, без свирежи и нервозно чекање на семафорите. Најголемо влијание, Короната стана главна тема за кои известуваат медиумите. Новинарските интереси, се насочени кон прибирање на податоци за новозаболени, оздравени но и умрени од пандемијата. Тажно, на моменти се чувствувам заробен и беспомошен. Единствено ме радува, кога гледам дека човекот не ѝ се покорува комплетно на чумата Корона. Современиот човек, се труди да го исполни работниот ден со обврски, во кои се изразува трудово, креативно и научно. Само така, човекот ќе верува во сопствените вредности. Последнава година, исто така, се изгуби интересот за модерно облекување или трошење пари за декоративни предмети. Повеќето, се задоволуваат со основните, прехранбени продукти и купување на спортска гардероба. Можеби, стравот од чудовиштето Корона, ќе нѐ научи да го цениме сопствениот дом, последната година како ретко место за забава и семејно дружење. Јас, како дете од 11 години, не ѝ се предавам на оваа статична, здодевна состојба. Постојано си барам, предизвици, што ќе ме движат напред од ден на ден, од месец за месец. Секој ден ми почнува точно во 8 часот. Навика ми стана долгото излежување во креветот и прелистувањето на распоредот за работни задачи. Откако сум дома, почнав да се грижам за уредноста на мојата соба. Чаршафот и перницата ги местам под прав агол, а прекривката сакам да ја измазнам врз површината, за да се гледа дезенот. За време на викендите ме радува заедничкиот појадок со моето семејство. Иако не сум на училиште, морам да ги напишам домашните задачи, кои пристигнуваат преку компјутерот. Понекогаш, добивам впечаток дека сум жител на друга планинска држава, зашто таму децата учат дигитално. За првпат, го сфатив значењето на компјутерот, кој дотогаш ми беше средство за собирање на информации за: спортот, музиката и лесните разговори за познатите личности. Така компјутерот стана моја училница, тетратка и табла, со кои управувам, вешто. Преку интернетот, лесно доаѓам до податоците поврзани со задачите по сите предмети. Иако со наставниците, комуникацијата се сведува преку електронската пошта, таа се одвива без проблеми. Далечинското учење, ме направи поголем истражувач низ тајните на интернетот. За изминативе три месеци, пронајдов интернет – страни, со најнови факти за географските топоними, климатските промени, а интересни ми беа и содржините од животинскиот свет, изучувани по биологија. Би сакал, да ги споменам и лекциите по историја. За многу историски вистини, се снимени филмови, најчесто од американската продукција. Ја имам можноста, подобро да го запознам минатото, со етничките обележја на некои народи. Сфатив, дека храбрите народи, брзо влегувале во војна кога некој ќе допрел по нивната територија и идентитет. Дел од предвидените лектири, ги пронајдов во визуелна форма, а се разнежнив кога дознав дека ваквата форма е наменета за дечиња со оштетен вид. Читањето на содржината на книгата, со гласот на актерите ме пренесува меѓу ликовите, па се замислувам како и јас, да сум еден од ликовите, кому му се случуваат и добри и лоши случки. Исто така, го забележувам, правилниот изговор на македонскиот литературен јазик, особено преку правилното акцентирање и почитување на интерпункциските знаци. Ја учам, вредноста на мајчиниот јазик. Фиксиран пред мониторот, го замислувам изразот на ликот на наставниците, дали се насмевнати или налутени заради нашата пасивност. Моето дејствување се сведе, на статична реалност наспроти замислени слики за нечии насмевки и начин на зборување. Јас, секојдневно си наоѓам причина, да се раздвижам. Знам и по неколку часа, да правам планови за тоа што прво ќе направам по пандемијата. Имам, купишта од идеи, што изгледаат вака… Првиот ден во оздравеното Скопје, ќе го поминам во омилената сендвичара, во друштво на највкусниот сендвич. Со задоволство, ќе го чекам роденденот на некој другар, за да го гушнам со прегратка која ќе го подигне од земјата. Ќе се собереме повеќето од одделението, па ќе отидеме на кино. Гласно ќе се смееме, седнати еден до друг, додека грицкаме пуканки. Нема да ја заборавам ниту прошетката, низ моето Скопје и тоа со градски автобус. Ќе се возам во автобусот без покрив. Додека ветрот, го лади моето лице, јас по стоти пат, ќе се уверам дека живеам во најубавиот град, со најпитомите луѓе во него. Кон посреќна блиска иднина, ме движи и замислата, да ја реновирам собата, со нов кревет, орманче, а би ме радувале и тапети со пејзажи од природата. Потребни ни се птиците и пеперутките, во денови кога посакуваме да летнеме засекогаш, од оваа здрвена состојба.

Постарите велат: ,,Човекот е појак од сѐ. Тој победува, секогаш”. Се надевам дека наскоро ќе продејствува моќта на вакцината, како најсилно оружје против силата Ковид – 19. До тогаш, ми останува да се радувам на убавините на природата и на моите детски авантури. Пандемијата го поврза човештвото, емотивно. Сите држави, независно од економскиот развој, имаат предизвик да издејствуваат победа, над чумата во 21 – виот век. Можеби, Короната е еднинствениот поробувач, што ги направи војниците на сите војски, сојузници.

 

 

 

 

 

+237