[Литература] Лука Богдановски – VII одд

Што ме движи додека сè стои

 

Патува еден голем сон

до секое дете, до секој дом

да ги стопли нашите детски срца

да ни подари радости тон.

 

Ќе се роди една мечта мала,

која ќе расте и расте

и во облак од желби милион

ќе стане град од соништата.

 

Во тој град детско небесен,

со изглед многу чудесен,

ќе има за сите по нешто

од детската рака направено вешто.

 

Чоколадни торти и лижавчиња слатки

до сечија адреса стигаат посебни пратки,

за секое дете да заслади мака,

со слатки какви ти душа сака.

И играчки разни уникатни,

насмевки безброј за деца златни,

по улици ќе се играат игри со топка,

деца за рака, за никого нема сопка.

 

 

 

 

Цел еден нов свет од другарства вредни

од уста само зборови медни,

тој свет Љубов нека се вика,

од детското срце така радост ќе блика.

 

Ете, овој сон мене ме бодри

со ведра мисла напред ме води,

во топла прегратка секој да се згрижи

тоа е силата што мене ме движи.

 

 

 

 

 

 

 

+176