[Литература] Јована Јовчевска – VIII одд

Што ме движи кога се стои?

Што ме движи

кога се стои,

кога секој во карантин

деновите ги брои.

Семејството ме прави среќна

како птица во лет.

Посакувам  да  се појави убава вила

која надеж, поддршка и ми дава сила.

Пријателите ми се многу важни

затоа што се бодриме кога сме тажни.

Тајни меѓусебно си кажуваме,

а кога е потребно помош си даруваме.

Многу сум радосна кога во природата има среќа.

Преку ден сонцето блеска и рој птици убави мелодии пеат,

а  навечер месечината свети

додека ѕвездите за мирен сон творат песни.

Автор: Јована Јовчевска, VIIIа одд.

ООУ „Димитар Миладинов”- Центар, Скопје

Ментор: Митра Цилевска

+24