[Литература] Јована Коштревска – IX одд.

Што ме движи кога се стои?

 

Што ли ме движи кога се стои?

Можеби прекрасната приказна која мојата имагинација ја крои.

Исполнета со мотивација,

мечтаам за да ја видам мојата омилена дестинација.

 

Ме движи и писателскиот пат,

и желбата многу мои книги да се испечатат.

За некого времето сега стои,

но мене со многу соништа ме спои.

 

Ме движи и љубовта кон мојата идна професија,

да ги менувам лошите со добри мислења ми е опсесија.

Моето хоби нема да остане мистерија,

танцот на моето добро расположеније е батерија.

 

Тие се работите кои направија

да се чувствувам како птица во лет

и ми помогнаа да разберам дека

после секоја зима настапува пролет.

 

Новите цели се мојот нов авионски билет,

знам дека постојат турбуленции низ тој лет,

но по слетувањето ме очекува приказна со квалитет,

реализирајќи го мојот розев свет.

 

 

+46