[Литература] Јелена Ристовска – XI одд.

Што ме движи кога се стои

 

Времето, она волшебно

невидливо и бесчувствително нешто

кое постојано го чувствувам во мене

само, некаде длабоко изгубено

во бесконечноста…

Она толку магливо нешто во мене

Со кое неуморно се бркаме,

тоа се движи, а јас чекорам

едноставно по тие толку добро зацртани стапки

 

И оној пат кога ќе се изморам

и тогаш кога за миг ќе застанам

во мене настанува најбурното движење

кое полека занишано од ветрот ме разнесува

ко песочен нанос од Сахара

продира толку заносно,

низ секоја гранка од багремите

со години засадени токму во мојот двор

 

Додека седејќи за миг, го чувствувам времето

до мене се доближува секоја кора од дрвото

таа која ми вели за суштината во него

за лушпата која има две страни

едната сосем рапава и корава

а другата толу привлечна и нежна

 

Набљудувајќи ја секоја црта од дрвото

јас повторно и повторно се вљубував

во секоја разновидна какалага на него.

го чувствував моето движење, исто како кога

тие се вртат низ ветрот, цврсто фиксирани

но сепак далеку нишајќи се…

И сега кога времето сосема го измени

својот правец, кога звукот од часовникот

забавува со надеж дека ќе престане

и кога јас го слушам само оној звук

звукот на птиците…

се некогаш ќе застане, секој звук

ќе ја изгуби својата насока,

секое дете ќе ги изгуби своите родители

но тогаш само ти ќе бидеш тука,

едноставно ти ќе го следиш светкањето

на нашите очи во доцните часови

кога секој зрак ќе ја осветли соодветната гранка

на багремот…

Ти…онаа која ќе се искачиш по нив

цо надеж дека за кратко ќе не дофатиш

Само во тој миг ќе сватиш дека

и покрај тоа што седиш,

ти умствено се движиш со нас

Тогаш кога ќе си на дното

секоја гранка претставува чекор кон врвот,

сваќаш дека светлината е токму настаната

од притисокот во тебе предизвикан единствено

од стравот, кое со секое трепкање

создава светлина, а ти чекориш по неа…

Оној момент кога гранката се откина

само звукот на нејзиното кршење

успеа да ме врати назад

онаму на чардакот од каде што сватив

едно нешто… сум отишла некаде

и покрај тоа што со часови седам.

Сега само ја здогледав птицата

која од зелената топола се вивна виско

некаде кон облаците, а се запрашав

каде ли оди сега…

 

 

 

0