[Литература] Ивона Филев – VIII одд.

ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СЕ’ СТОИ

 

Што ме движи кога се’стои? Се, јас се движам, се движи мојот замислен свет, мојот ум, моите желби, скриените пориви за успех, падовите по секој неуспех, борбата за своето место под сонцето во времето помеѓу првиот плач и последниот здив. Се она што се нарекува живот… јас сум двигателот во мојот живот. Јас сум оганот, бурата, фениксот, виорот на ветерот, пеперутката, санта мраз, снегулката на снегот, сидро во морето наречено живот.

Бог ја создрал пеперутката да го напушти сопствениот кожурец, да ги распостели крилјата, оклолу своето вито тело, да се вивне во височините, да плени со својата раскошна убавина, да ти подзапира здивот од боите на нејзините крилја. И за момент кога ќе застанам на најубавиот цвет мислејки дека сум ти достижна, спремен да ја испружиш својата рака за да ме уловиш и себично да ми се восхитуваш на убавината мислејки ме поседуваш – јас сум подготвена да се вивнам во височините, да одлетам и да ти покажам дека се’ стои, но јас не. Јас сум бурата во океанот која ќе го разбранува и ќе ги подигне брановите до небесната шир, која ќе го спои синилото и ќе ти ја покаже најубавата боја. Бојата на безграничноста, која стаклените уморни очи ти ја замислуваат, заматуваат. Може да ја достигнеш ако сакаш, ако живееш со полно срце. Сам си двигател на се она што те опкружува, на твојот ум, на твоите желби и пориви кои тлеат како оган. Разгори ги. Не дозволувај да останат заробени во длабочината на твојата душа. Бојата и силата на мојата бура нема ограничување, таа може да го помести и најголемиот брод, за да му покаже дека и тука царува, недостижна е, и не застанува пред неговот пркос да се пробие во големиот бран. Ќе поминеш, но само ако јас го запрам своето движење. Јас сум санта мраз која гордо се исправила во морската шир, не дозволувајки му на морепловецот да ме одмине, одблесокот од сонцето му ја покажува мојата совршена боја, за миг му задавам проблем, но истовремено му допуштам да ми се восхитува, гледајки ме како синхронизирано лебдам во просторот над океанот и небото, како најубава балерина која танцува. Се’ стои, но јас не, се движам како неговите мисли. Со своето студенило и грациозноста, го препотувам неговото уморно чело, му дозволувам капките студена пот да се стркалаат на неговото уморно лице, да ги почувствува на своите ладни образи, како жар, како нежен допир од мојата рака. А тој, со своите уморни прсти кој се борат со кормилото, ги допира стаклените капки, плашејки се да го употреби шамивчето, знаејки дека нема да им го почувствува студенилото и возвишеното чувство ако ги избрише. Го препотувам неговото тело, а неговиот ум’ вели лесно ке ја совладам. Но несвесно се лаже, дека ме совладал. Јас му дозволувам да се движи, да не стои. Во тој миг јас сум неговото сидро, кое е фрлено во длабочината на океанот, кое го укотвило, но не по сопствена желба. Јас сум виорот на ветерот, кој си поигрува со вековниот чинар. Гордо исправен со својата раскошна убавина и големина, мислејки ветерот не’ ми може ништо. Во мислите ми се преплетуваат звуци, старецу вековен, исконски твоето тело е градиозно, но под него се крие мека и кршлива душа. Се прашувам колку бодежи од нож си преживеал, колку парчиња од твојата душа некој ги откинал, несвесно те повредувал. Ти кој го красиш плоштадот и го оплеменуваш имаш напишано историја за своето постоење. Се прашувам тивко во себе, дали за миг да ја развиорам својата моќ, да ги разголам твоите гранки кој сплеле најубава покривка. Знам, ќе бидеш тажен и разголен, но глетката од танцот на твоите лисја, ќе плени. Единствено ти ја имаш таа моќ да сплетеш облека за себе во зелена, жолта, златна боја. Ако те разголам ќе постелам килим од најубави бои, на кои безгрижно ќе танцуваат децата. Земајки дел од твоите лисја, фрлајки ги високо во воздухот, создавајки движења кој не може да излезат од перото на еден писател, движења кои се совршени и не може да ги наслика ни најдобриот сликар. Се стои, но јас не, јас виорам се движам. Јас сум снегулката, која танцува во ритам. Стоиш покрај прозорецот и со вџашен поглед ме гледаш и гледаш. И кога мракот ќе спушти и ќе те обвитка со неговата темнина, јас сум единствената светла снегулка која се движи, додека градот спие. Се спуштам тивко на покривот, паѓам на прозорецот, ја допирам земјата и за миг ветерот ми помага да се издигнам. Кога ќе решам да останам на земјата со својот волшебен бел килим, го изместувам твоето тло, го правам твојот пат непрооден. Те мамам да излезеш од твојот топол дом, да ме допреш со твоите топли дланки, знаејки дека ќе се стопам и моите солзи ке испишат белег на тие твои дланки. Но јас повторно ќе танцувам од небото, ќе се движам, ќе ти дозволам да ми се радуваш преку прозорецот. Јас сум оганот во нечиј живот, кој се движи со брзината на светлината, кој ќе те заслепи со силата, со боите кој се преплетуваат во мојот пламен, со жарот и пепелта кој ги оставам зад себе. Чувствувајки го мојот мирис, ќе те потсетувам на спомени кој изгореле. Парчето жар ќе се обидуваш да го згаснеш, не знаеш која боја предизвикала поголема болка, дали жолтата, порокаловата или сивата. Сите бои ја предизвикале твојата болка, јас не можам да опстанам без сите тие бои. Испреплетени заедно ми ја даваат силата, мојата разорна моќ. Со своите стапала ќе сакаш да го прегазиш мојот жар кој гори, но ќе се плашиш од болката која ќе ја почувствуваш на своите стопала или дланки. Кога ќе бидеш сигурен дека си победил, си го згаснал жарот, си ме уништил мене оганот, јас од сопствената пепел ќе се издигнам како феникс, да ти покажам дека играта не е завршена. Јас повтоно се движам, но сега летам со помош на своите широко раширени крилја. Летајки во височините и остварувајки ја својата цел. Во сеќавање ќе ти биде оганот кој ги разгорел сите твои сетила, но и преродената птица која лета, и лета. Се’ стои, а јас летам. Јас сум сидрото фрлено во разбрануваното море наречено живот, помислуваш си ме фрлил и закотвил во некоjа длабочина, но повторно се лажеш, со мојот ѓердан од испреплетени темни и рѓосани карики, пак сум онаа која се движи, која ја разбранувала тишината на морето. Ох, и кога ќе ме подигнеш од дното на длабочините, пак ќе ја разбранувам водата, повторно се движам. Ќе посакаш мојот за’рѓан гердан да го исчистиш, обоиш во весела и ведра боја, бидејки знаеш дека само таква ми прилега. Желбата да блеснам во сиот свој сјај, моите алки да ги претвориш во најубави. Нема потреба, јас сум најубава онаква каква што сум. И повторно знаеш дека нема да ти дозволам, ќе играм со ветерот и ќе ги придвижувам алките, тие нема да стојат, ќе танцуваат на ветерот а твоите мисли ќе ги обземе најубавата песна, песната на животот. Нема да ти дозволам да бидам онаква каква што ти си ме замислил – свету. Јас сум своја и единствена, ќе бидам онаа која ќе се движи, и кога се’ стои.

Се’стои но јас не. Јас сум оганот, бурата, фениксот, виорот на ветерот, пеперутката, снегулката на снегот, сидро во морето наречено живот. Јас сум се она што се движи, кога се’ стои. Го исполнувам го животот со движење и кога се’стои, јас сум својот елан во овој суров свет.

 

 

+73