[Литература] Исидора Исјановски – VI одд.
Конкурс од Гиманзија Алгоритам
Тема: „Што ме движи кога сé стои?“
Светот е во Ковид пандемија
а лек не најде ни една академија!
Што не’ движи тогаш, во овој свет,
кога стои дури и расцветаниот цвет,
кога сé застанува за час,
кога не се слуша никаков глас.
Кога сé стои и не се гледа крај,
не’ движи и онлајн дружба детска знај,
не’ движи љубовта кон природата која се буди во мај,
не’ движи детската искреност со посебен сјај.
Кога сé стои и сите се кријат,
да не дозволиме детските желби да гнијат,
да се движиме и трчаме со игрите разни,
да не ги оставаме игралиштата празни.
Кога сé стои и за здравјето се грижиме,
низ светот хуманост и среќа да нижиме,
да пратиме ние децата порака со силен тон,
со љубов може да го оствариме секој детски сон.
+50