[Литература] Ина Михајловска – IV година

Вечните борци за заедничко утре

 

Кога Олимпија де Гуж ја напиша

Декларацијата за правата на жената и граѓанката,

И кога беше претседател на Женската меѓународна лига за мир и слобода

Ингрид Виберг швеѓанката.

Кога Малала Јусафзаи ја започна борбата

За образованието да им е дозволено на сите жени,

И кога Елен Џонсон Серлифс ги унапреди

Демократските права за сите либериски луѓе понижени.

Кога Мери Волстонкрафт ја напиша книгата

„Одбрана на правата на жената“ во осумнаесеттиот век,

И кога Ханса Мехта го изработи Индискиот устав

Со кој се застапуваа правата на секој човек.

Кога Ела Бејкер го формираше Студентскиот комитет за ненасилна координација

И ги организираше митинзите на плоштадите,

И кога Лин Велс беше национален водач на Студентите за демократско општество

И Револуционерното движење на младите.

 

Кога луѓето меѓусебни ладни војни водат и немилосрдно се навредуваат

И сé на светот делува како во мрак да стои и да не се движи,

Надеж за заедничко утре во мир што ќе дојде даваат ѕвездите од историјата

Кои борба воделе за никој никого да не обесправи, дискриминира или понижи.

+6