[Литература] Исидора Трајковска – I година

Што ме движи кога се стои ?

 

Начинот на кој живееме е огледало на самите нас.Човек поминува низ секакво добро и зло. Се прашувам што е тоа што му дава сила да продолжи понатаму кога животот е суров и немил ? Нашата иднина. Она кога ќе погледнеш во огледало и ќе сфатиш зошто постоиш, река по која сакаш да пловиш, долината што сакаш да ја претрчаш и целта за која се стремиш да ја достигнеш. Во животот мораме да продолжиме да се движиме, без разлика на се. Животот продолжува, времето никогаш не застанопло, а нема ни да застане. Тоа е едно од најскапоцените работи во светот. Колку и да сакаме, сепак не можеме да го запреме, ниту пак да го вратиме. Затоа ајде да не го потрошиме залудно, туку да си го најдеме патот по кој треба да чекориме.

Нашата иднина и животот зависат од изборот што ќе го направиме, од луѓето со кои сме опкружени, патот по кој ќе чекориме. Секој поединец, самиот себеси си го определува патоказот по кој ќе чекори. И покрај тоа какви се работите околу нас, треба да застанеме сами на свои нозе и без влијание на околностите, да си го избереме нашиот пат, патот по кој ќе чекотиме и кој ќе не води кон нашата иднина.Кога сме на дното, во тој момент универзумот ни праќа сигнал, кој може да биде во различни форми, со тоа не насочува кон правиот пат. Да си го избереме нашиот пат кој ќе не води кон светла точка, нашата иднина. Животот е една крстосница од повеќе избори,а единствено ние ја имаме моќта да го направиме вистинскиот избор. Сепак постојат енигмата и непредвидвидливоста на животот кои го прават човековиот пат трнлив. Така човекот уморен, но сепак надежлив за подобро утре си дава сила и елан да продолжи понатаму. Тој,човекот е грчкиот Сизиф, со неговиот камен кој го искачува по животниот рид. Туркајќи, пливајќи, трчајќи, со денови и денови, тој се надева дека ќе дојде еден ден, каде што ќе застане исправен и горд самиот на себе. Сето зло ќе се заборави, сета снага ќе се опорави и ќе падне камен од неговото срце, како повторно да се родил. Животот сам по себе е бесмислен и апсурден. Главната и неизбежна точка на животот е смртта. Но дали ние живееме за да умреме? Тогаш ако е така зошто продолжуваме? Кои се нашите надежи и водилки? Единственото нешто коешто го бодри човека да продолжи напред по големата вода, магијата која ни ги полни срцата и љубовта којашто ја споделуваме со саканите. Нема одредена дефиниција што би можела да ја опише љубовта. За една мајка точката светлина е нејзиното чедо, за уметникот тоа претставува неговата слика, неговото неповторливо дело и надежта дека секое наредно ке е поубаво од претходното, за жедниот, надежта е водата, додека пак за изморениот, подвигател претставува одморот, за подоцна да стане и да продолжи со нова различна надеж.

Па така, животот е тркало кое непрестанало да врти. Времето тече низ песочниот часовник, а ние ? Ние се бориме за подобро утре и кога мислиме дека ни гори тло под нозе! Нашата желба и надеж за подобро утре е тоа што не движи кон иднината.

 

 

 

+78