[Литература] Ева Дејановска – VIII одд.

Што ме движи кога сè стои

 

Штом мугра се буди, ко сонце и јас светам

Та светлост денска и од мене се рои

Од секој зрак сончев радост можам да сетам

Мене денот инспирација ми е, убавини ми крои.

Еден ден, секогаш е уметност од дружба родена

Денот дело е што со други заедно се твори

Виножитото е светлина од разни бои преродена

И секој од свој агол слободно може да збори.

Животот секогаш убав е, шарен, исполнет со зрак

И другарството е ткаенина во разни бои

Кога за миг, потонам во минлив мрак.

Од другар совет ме движи и кога сè стои.

Гласот на нашата класна постојано ми е в глава

Ако некој различен е, и ист е, сите сте ученици мои

Секој еднакви можности да има, и еднакви права

Еден зрак сончев сите не движи, сè кога стои.

Стиховите пак, книгите, песните и мелодиите

Тие се мојот личен универзум што не мирува и не стои

Оган творечки ми се и на цртеж линиите

И сите мисли што може да се преточат во бои.

 

+4