[Литература] Ева Балканова – VI одд.

„Што ме движи кога сè стои?“

 

Што ме движи кога сè стои?

Мислите безброј мои,

Скриените соништа мои

и желбите безброј и в сон

и додека сè стои.

Илјадници ги имам

како за филм си ги снимам

и не се бројат и кога сè стои

и љубовта кон милите во бои

која ни со многу пари не се брои.

Слики за светот и виден и невиден

во различни бои

ми минуваат в глава

и додека сè стои.

Aко некој ме праша има ли уште нешта,

како ги броиш,

јасно ќе му кажам:

имам и други тие напред ме движат

не можеш да ги броиш

додека стоиш.

 

 

+214