[Литература] Ева Ристова -VII одд.

Што ме движи кога сè стои?

 

Добравечер драги гледачи и добредојдовте во вести на денот-се слушна глас од телевизорот.Нај-актуелни вести се дека е откриен нов вирус имено ковид-19 во Вухан-Ќина…Вака започна борбата помеѓу човештвото и вирусот за кој никој не сметаше дека ќе стане волку среиозна работа.Многу луѓе беа негативно погодени од сите страни,депресии,лоши мисли,незнаење каде понатаму?Навистина,каде понатаму?Што ќе правиме со животот сега?Овие прашања барем два-три пати во текот на пандемијата си ги имаме поставено,но никогаш нема одговор,тишина..Всушност за едно нешто се каам најмонгу,кога кажаа дека децата ќе се школуваат од дома и нема да одат на училиште знаете што кажав?„Па ова е супер нема училиште,нема станување во 6 часот наутро,нема малтретирање,а и ќе си се слушам со другарите он-лајн што ми фали?Згрешив…многу згрешив,ми фали нивниот глас нивната става нивната смеа,ми фали тоа објаснување во живо од наставничките и наставниците.И дури сега сватив дека тоа станување во шест часот наутро имало удел во тоа каква личност сум…Ние глумиме училиште,ова не е тоа тоа,ова не е ни малку слично со вистинското училиште,ова е онлајн-училиште.И најважното од сè,но и нај тажното од сè е тоа што дури сега дознавам дека самата паднав во стапицата„нема училиште се ќе биде подобро!“Знете дури сега можам многу подобро да ги разберам птиците кои се чувани во кафезот,помеѓу четири ѕида и ние како нив сме оставени во искушение,и го чекаме ѕидот да ни прозбори,да се искажеме,да се ослободиме од сите мисли зборувајќи со ѕидот…Веќе почнавме да халусцинираме како сме надвор од нашиот дом, без страв,без грижа на совест,без покриено лице,како ги гледаме експресиите на луѓето,си споделуваме радост,тага,тајни..Некој ќе каже сега „ееее,тоа беа добри стари денови!“А зошто?Зошто добри стари денови?Каде е надежта,каде е мислата за подобро утре?Каде е довербата?Зарем навистина не постои излез?Зарем навистина сега ќе се откажеме,и ќе дигнеме раце од иднината?Не,не смееме да си го дозволиме тоа…

Точен е фактот дека ние сите од прв до последен паднавме во замка,но и ние сите зедно ќе излеземе од замката ќе победиме,сите зедно.Во историјата човекот секоја битка ја победува сложно па така и ова.Има многу негативни страни но има и многу позитивни како на пример:јас мислам дека сите се навикнавме на еден сосем нов свет,исто така и се пронајдовме до некаде себе и многу си ги сменивме мислењата за влијанијата оклу нас,по-длабоко навлеговме во нашите чувства,се зближивме повеќе со нашите семјства….Единствено што остана е тоа дека ние луѓето се наоѓаме во балон,лебдечки балон исполнет со нашите негативни мисли.А каде е иглата за да се пукне овој балон?Решението е во самите нас,иглата е во твојата рака драг читателу.На тебе тоа дали ти ќе го дупнеш или само ќе ја држиш и ќе продолжиш со животот.Како ќе ја забележиш прашуваш?Ќе се погледнеш самиот себе и ќе се запрашаш:„Јас кон што целам?Да живеам во овој балон или да ја најдам иглата?“А што ако не веруваш во себе?Да,точно нема да ја најдеш,уште повеќе ќе се изгубиш во прашањето,ќе се исклучиш од светот.Јас секогаш си велам ако се сакаш себе имаш прилика и можеш да ги сакаш и другите.Сега не велам да претераш со тоа ама доволно колку да го најдеш одговорот на прашањето.Е сега си го нашол одговорот,што е следно?Некој ќе каже:„Па нормално дека ќе се спасам и ќе си одам,ќе си потскокнувам од среќа и ке им…“Да,тоа е точно со кого ќе ја споделиш таа среќа ако не со товите најмили?Јас првото нешто што ќе го направам е ќе им подарам рака на другите кои неможат да ја пронајдат иглата,ќе им го покажам патот до светлината,иако ми е непријател,кога еден е во нешто изгубен,сите ќе бидеме изгубени.А како ќе му помогнам се прашувате?На човека му треба љубов и поддршка,едно:ајде ти можеш ти ќе успееш,јас верувам во тебе,знам дека можеш!На некој му значи целиот свет иако не изгледа така навистина е така.Некој ќе се откаже,ќе му застанеш на патот по кој пошол(патот на откажување) и ќе му кажеш:„Знаеш ли каде си тргнал?“Ќе го поттурнеш на средина односно помеѓу патот на спасување и патот на откажување,ќе го прашаш:„Кажи ми кој пат ти изгледа подобро,овој со дупки од кои ни бог неможе да те извади или овој од другата страна на кој да,има мали пречки но заедно ќе ги поминеме?Што мислите,дека ќе ви одговори на овој со дупката ќе одам и ќе седам таму засекогаш или ќе се предомисли.Некогаш на луѓето прво треба да им ги отворите очите и да им објасните што има на патот на кој одат,секако ако имате искуство,а знајте дека тие со искуства ги водат тие без.Затоа велиме дека некогаш е подобро да се учиме од туѓите грешки наместо да ѓи направиме истите грешки и тогаш да кажеме„А,да ова не требаше да го направам!“Некои пак ќе стојат во едно место,и ќе стојат,и ќе стојат,и така програмерски кажано земаат код и го ставаат во еден циклус и по грешка циклусот го ставиле да им врти засекогаш односно засекогаш се повторува едно исто..Ќе им го избришете тој код и ќе напишете нов.На почетокот ќе ви се лутат,но потоа ќе сватат каде згрешиле и ќе продолжат незнаејќи како да ви се заблагодарат.Има многу вакви примери и можам до утре да ги кажувам,важно е од овие примери да сватиме дека од се има спас ако некој е до тебе и ти го покажува правиот пат.Предмалку ги спомнав и пречките,да и пречките се еден голем удел во животот и пречките те подучуваат да не се предаваш,едноставно да не се предаваш кога ќе паднеш наместо тоа да станеш да си речеш дека можеш и дека ќе продолжиш со главата исправена со насмевка на лицето и САМО со позитивни мисли во главата,а ако направиш некоја грешка,поучи го тој зад тебе и укажи му на правиот пат.Ние луѓето сме како мобилните телефони,ќе работи,ќе,работи,ќе работи,и оп,ќе му се испразни батеријата,мора некој да го стави на полнење за пак да се наполни и да може да работи.

И веќе стигнавме до самиот крај.Прашањето„Што ме движи кога сè стои?“Можеби светот во нашите мисли е замрзнат и некогаш е тешко да го одмрзнеме,но веруваме и се бориме.Мене како дете за да одмрзнам нешто и за да продолжам со животот многу ми е потребен разговорот и изјаснувањетоа исто како и секојдневните обврски,едноставно ова ме прави еден човек кој се движи и функционира,и на некој начин го сваќа разговорот на животот и дека тој нема никогаш да ти попушти се додека не научиш дека без упорност,истрајност,самодоверба,надеж,грижа,љубов не можеш да ги надминеш пречките на животот.Некогаш ќе пробаме и нови работи како јога,диета,спорт,играње,пеење и многу други,за да се движиме во животот потребни се и многу искуства и нови работи кои те водат кон подоро утре,но исто така е потребно и да бидеш свој и да не се менуваш затоа што некој ти кажал дека треба да се смениш туку кога ти мислиш дека треба нешто кај тебе да се смени тогаш,но за тоа треба да бидеш и многу самокритичен и да ги слушаш советите кои ти ги даваат возрасните околу тебе,а да не го заборавам и најважното својата цел,секогаш гледам да ја исполнам мојата и цел и се стремам кон тоа.Но мене исто така многу ми е важна и визуелната слика,јас одсекогаш си имав слика представено и одам по таа слика,и да паднам секогаш има втора шанса,шанса за подобро покажување на мојот карактер,и моите впечатоци.Ова се работите кои мене ме движат кога се е замрзнато и стои, и кои секојдневно ме поттикнуваат да ги гледам и светлите страни на некој проблем а не само темните.

 

 

 

 

+142