Интервју со Стефанија Змијанац
Во најсеверниот град во Германија, на самата граница до Данска се наоѓа Фленсбург каде што ги започнав моите студии на Европскиот и државниот универзитет Europa Universität Flensburg. Во самиот град се чувствува скандинавскиот менталитет, а и самиот факултет има програма преку која соработува со Данска.
Областа којашто ја изучував се Европски студии. Поточно, мојата програма е European Cultures and Society, програмата е комплетно на англиски и е интердисциплинарна, каде што изучував предмети како Европско право, еден од најтешките предмети, Европска економија и, исто така, имавме изборни предмети како практичен дел од коишто го избрав предметот Претприемништво.
Иако програмата е на англиски за којашто беше потребен Toefl ili IELTS сертификат, не ги пропуштив курсевите по германски јазик секој семестар за коишто добив диплома од факултетот и коишто беа бесплатни за сите студенти.
Исто така, морам да напоменам дека како дел од студиите беше задолжително да одиме во друга земја на размена како дел од програмата на Ерасмус+ еден или два семестри. Како дел од програмата се добива стипендија во зависност oд стандардот и во која држава се оди на размена. Иако тоа на почетокот ми претставуваше голем предизвик повторно да одам во странство и да студирам на друг факултет кога веќе сум во странство, искуството во Португалија беше незаборавно. Имавме можност да одиме на факултет буквално каде што сакаме во Европа и надвор од Европа бидејќи факултетот соработува со многу партнерски факултети во странство.
Зошто баш се одлучив за Португалија и Лисабон? Бидејќи навистина сакав да патувам низ цела Европа, Португалија и Шпанија беа едни од земјите коишто ги немав посетено. Исто така, факултетот во Лисабон, на којшто аплицирав за размената, спаѓа во листата на најдобрите 10 факултети во целата земја. Escola Superior de Comunicação Social e факултетот каде што студирав еден семестар (https://www.escs.ipl.pt/). Португалија е прекрасна земја, можам да кажам дека таму развив многу пријателства што сѐ уште траат. И таму учев со многу луѓе од цела Европа, а и самата клима и менталитетот се многу послични со нашите, отколку во Германија, така што адаптацијата се случи во рок од една недела. Таму престојував еден семестар, каде што успешно ги положив испитите коишто ми беа прифатени во Фленсбург.
За време на размената во Лисабон отворив Инстаграм-страница за Ерасмус-студенти на којашто студентите ќе можат да го споделат нивното искуство во странство. На почетокот не очекував толкава заинтересираност, но почнаа да ме контактираат многу студенти, сега профилот има над 7 200 следбеници (https://www.instagram.com/erasmusstory/).
Главниот проблем во Македонија е што резултатите од државната матура ги добиваме многу доцна, така што аплицирањето за студии во странство не само што е многу тешко, туку и невозможно. Јас бев сигурна дека сакам да паузирам после полагањето на државната матура, така што уште при крајот на четвртата година во „Алгоритам“ аплицирав на волонтерски проект којшто трае една година во Германија. За среќа, бев примена и токму тоа таа година кога волонтирав во Хале, град до Лајпциг, не само што ми овозможи да аплицирам на факултетите во Германија, туку тоа беше едно големо искуство при кое ја истражив Германија, го учев јазикот, волонтирав во градинка година дена и добив сертификат за Freiwilliges Soziales Jahr, којшто во Германија навистина се цени.
Се сеќавам како вчера дека многумина ми велеа дека ако паузирам една година, нема да се запишам никогаш на факултет, но јас не се сомневав во моите цели и секако имав план како да ја искористам таа година. И да напоменам, во Германија скоро сите млади после завршување на средното образование паузираат или волонтираат една година, така што таму тоа воопшто не е чудно, туку напротив е тренд и таа година е призната на државно ниво, па дури и на факултетите носи неколку поени за прием.
Можам да кажам дека сум многу задоволна од повеќето од професорите и условите. На почетокот на моите студии не ми се веруваше дека учам на државен факултет и дека може да има такви услови. Во мојата програма бевме 60 студенти, но секогаш нè делеа на 20 студенти за еден час. Условите за учење се на скандинавско ниво на образование, кампусот е голем, исто така, и мензата и библиотеките беа места каде што седевме после часовите. Вака изгледа кампусот во Фленсбург:
Општествените науки секогаш ме привлекуваа, кај нас има слични програми, но сметам дека, сепак, не можат да се споредат со образованието во Германија. Студирањето во Германија за мене претставуваше голем предизвик, а притоа и да се развивам во тоа што го сакам.
Наставата сега се одвива онлајн. Пандемијата го опфати мојот последен семестар, така што се вратив дома и го изработив мојот дипломски труд оттука. Навистина беше тешко за сите студенти во странство што се далеку од дома, одеднаш се појавува глобална пандемија, а ти си во странство. За среќа, имав можност да се вратам со хуманитарните летови и да го следам последниот семестар од дома и да дипломирам оттука. За среќа, во текот на моите студии добив две стипендии, едната беше за Еразмус размената во Португалија, а другата беше поддршка за студентите во текот на пандемијата.
Мислам дека таа година на пауза и волонтирање ми помогна да се прилагодам на различната средината, така што не, но морам да кажам дека првиот семестар ми беше прилично тежок со учење и адаптација на читање секој ден литература од 70 страници.
Најмногу што ми се допадна во програмата е што учев со луѓе од целиот свет, имаше луѓе од Америка, Хонг Конг, Африка, Индија итн. Јас бев првата студентка од Македонија којашто се има запишано на програмата и воопшто на додипломски студии.
Во следните години се гледам во Македонија, би сакала тука да го имплементирам моето знаење и искуство стекнато во странство. Се гледам себеси во претприемништвото, бидејќи имам неколку планови и идеи коишто би сакала да ги имплементирам или да работам во невладиниот сектор. Сметам дека луѓето коишто живелее во странство можат многу да придонесат во развојот и иновациите во земјите во кои се вратиле и се надевам дека државата ќе го искористи тоа, бидејќи многу луѓе се сега вратени тука како резултат на пандемијата. Токму и на оваа тема го изработив мојот дипломски труд каде што истражував на темата за одлив на мозоци од Западен Балкан.
Навистина незаборавно искуство, секогаш ќе ги паметам драмските секции после часовите и предавањата по Македонски јазик и литература на професорот Горјански, којшто ми беше огромна мотивација.
Исто така, од големо значење ми беа и часовите по Социологија каде што професорот Стојанов ми даваше да ги читам моите есеи што ги пишував на одредени теми.
Да, имаше голема поддршка и се гледаше личниот развој на учениците посебно, што е многу битен сегмент во развојот и менторството на секое дете. Гимназијата во иднина може да се фокусира на тоа како повеќе да им помогне на учениците во процесот на запишување на факултет.
Бидете упорни, имајте високи цели и работете постојано на себе и на тоа што го сакате. Доколку некој е заинтересиран за студии во Германија или, воопшто, во странство, слободно нека ме контактира доколку има некакви прашања, би ми претставувало задоволство да помогнам.