• За нас
    • Мисија и Визија
    • Финска Методологија
    • Наставен Кадар
    • Алумни
  • Настава
    • Насоки
      • Општествено-хуманистичка насока A/Б
      • Прородно-математичка насока А/Б
    • Е-библиотека
    • Билингвална Настава
    • Информатичка секција
    • Лабораторија
    • Драмска секција
    • Географска секција
    • Материјали за основци
  • Сертификати
    • Microsoft Office Specialist
    • CISCO Networking Academy
    • WIDA International Schools Consortium
    • College Board
  • Уписи
    • Конкурс за упис
    • Трошоци за школарина
    • Конкурс за стипендија
    • Апликација за Упис
  • Новости
    • До Министерство за образование и наука
    • Активности
  • Натпревари
    • Биди креативен. Освоj лаптоп.
    • Конкурс PSAT 2021
    • Материјали за тестирањето PSAT 2021
    • Креативен конкурс „Виртуелно јас“
  • Контакт
  • Алгоритам Едукативен Центар
    • Настава за основно образование
    • Едукативен центар
    • Детски едукативен центар
      • Програмирање во Python
      • Курс HTML/CSS и WordPress

  • mk
  • en

+389 23116-750
+389 75 330-531
info@algoritam.mk
Courses
Webmail
Ednevnik
ПСУ АлгоритамПСУ Алгоритам
  • За нас
    • Мисија и Визија
    • Финска Методологија
    • Наставен Кадар
    • Алумни
  • Настава
    • Насоки
      • Општествено-хуманистичка насока A/Б
      • Прородно-математичка насока А/Б
    • Е-библиотека
    • Билингвална Настава
    • Информатичка секција
    • Лабораторија
    • Драмска секција
    • Географска секција
    • Материјали за основци
  • Сертификати
    • Microsoft Office Specialist
    • CISCO Networking Academy
    • WIDA International Schools Consortium
    • College Board
  • Уписи
    • Конкурс за упис
    • Трошоци за школарина
    • Конкурс за стипендија
    • Апликација за Упис
  • Новости
    • До Министерство за образование и наука
    • Активности
  • Натпревари
    • Биди креативен. Освоj лаптоп.
    • Конкурс PSAT 2021
    • Материјали за тестирањето PSAT 2021
    • Креативен конкурс „Виртуелно јас“
  • Контакт
  • Алгоритам Едукативен Центар
    • Настава за основно образование
    • Едукативен центар
    • Детски едукативен центар
      • Програмирање во Python
      • Курс HTML/CSS и WordPress

Uncategorized @mk

  • Home
  • Blog
  • Uncategorized @mk
  • Интервју со Стефанија Змијанац

Интервју со Стефанија Змијанац

  • Posted by Algoritam
  • Categories Uncategorized @mk
  • Date март 2, 2021

На кој универзитет ги заврши своите студии во Германија?

Во најсеверниот град во Германија, на самата граница до Данска се наоѓа Фленсбург каде што ги започнав моите студии на Европскиот и државниот универзитет Europa Universität Flensburg. Во самиот град се чувствува скандинавскиот менталитет, а и самиот факултет има програма преку која соработува со Данска.

Која е областа што ја изучувашe?

Областа којашто ја изучував се Европски студии. Поточно, мојата програма е European Cultures and Society, програмата е комплетно на англиски и е интердисциплинарна, каде што изучував предмети како Европско право,   еден од најтешките предмети, Европска економија и, исто така, имавме изборни предмети како практичен дел од коишто го избрав предметот Претприемништво.

Иако програмата е на англиски за којашто беше потребен Toefl ili IELTS сертификат, не ги пропуштив курсевите по германски јазик секој семестар за коишто добив диплома од факултетот и коишто беа бесплатни за сите студенти.

Исто така, морам да напоменам дека како дел од студиите беше задолжително да одиме во друга земја на размена како дел од програмата на Ерасмус+ еден или два семестри. Како дел од програмата се добива стипендија во зависност oд стандардот и во која држава се оди на размена. Иако тоа на почетокот ми претставуваше голем предизвик повторно да одам во странство и да студирам на друг факултет кога веќе сум во странство, искуството во Португалија беше незаборавно. Имавме можност да одиме на факултет буквално каде што сакаме во Европа и надвор од Европа бидејќи факултетот соработува со многу партнерски факултети во странство.

Зошто баш се одлучив за Португалија и Лисабон? Бидејќи навистина сакав да патувам низ цела Европа, Португалија и Шпанија беа едни од земјите коишто ги немав посетено. Исто така, факултетот во Лисабон, на којшто аплицирав за размената, спаѓа во листата на најдобрите 10 факултети во целата земја. Escola Superior de Comunicação Social e факултетот каде што студирав еден семестар (https://www.escs.ipl.pt/). Португалија е прекрасна земја, можам да кажам дека таму развив многу пријателства што сѐ уште траат. И таму учев со многу луѓе од цела Европа, а и самата клима и менталитетот се многу послични со нашите, отколку во Германија, така што адаптацијата се случи во рок од една недела. Таму престојував еден семестар, каде што успешно ги положив испитите коишто ми беа прифатени во Фленсбург.

За време на размената во Лисабон отворив Инстаграм-страница за Ерасмус-студенти на којашто студентите ќе можат да го споделат нивното искуство во странство. На почетокот не очекував толкава заинтересираност, но почнаа да ме контактираат многу студенти, сега профилот има над 7 200 следбеници (https://www.instagram.com/erasmusstory/).

Кога аплицираше и како се запиша на овој факултет?

Главниот проблем во Македонија е што резултатите од државната матура ги добиваме многу доцна, така што аплицирањето за студии во странство не само што е многу тешко, туку и невозможно. Јас бев сигурна дека сакам да паузирам после полагањето на државната матура, така што уште при крајот на четвртата година во „Алгоритам“ аплицирав на волонтерски проект којшто трае една година во Германија. За среќа, бев примена и токму тоа таа година кога волонтирав во Хале, град до Лајпциг, не само што ми овозможи да аплицирам на факултетите во Германија, туку тоа беше едно големо искуство при кое ја истражив Германија, го учев јазикот, волонтирав во градинка година дена и добив сертификат за Freiwilliges Soziales Jahr, којшто во Германија навистина се цени.

Се сеќавам како вчера дека многумина ми велеа дека ако паузирам една година, нема да се запишам никогаш на факултет, но јас не се сомневав во моите цели и секако имав план како да ја искористам таа година. И да напоменам, во Германија скоро сите млади после завршување на средното образование паузираат или волонтираат една година, така што таму тоа воопшто не е чудно, туку напротив е тренд и таа година е призната на државно ниво, па дури и на факултетите носи неколку поени за прием.

Како се организирани студиите на овој универзитет и кое е твоето мислење за професорите и условите?

Можам да кажам дека сум многу задоволна од повеќето од професорите и условите. На почетокот на моите студии не ми се веруваше дека учам на државен факултет и дека може да има такви услови. Во мојата програма бевме 60 студенти, но секогаш нè делеа на 20 студенти за еден час. Условите за учење се на скандинавско ниво на образование, кампусот е голем, исто така, и мензата и библиотеките беа места каде што седевме после часовите. Вака изгледа кампусот во Фленсбург:

Која е причината поради која се одлучи да студираш на овој универзитет и оваа област?

Општествените науки секогаш ме привлекуваа, кај нас има слични програми, но сметам дека, сепак, не можат да се споредат со образованието во Германија. Студирањето во Германија за мене претставуваше голем предизвик, а притоа и да се развивам во тоа што го сакам.

Како се одржува наставата во време на пандемија?

Наставата сега се одвива онлајн. Пандемијата го опфати мојот последен семестар, така што се вратив дома и го изработив мојот дипломски труд оттука. Навистина беше тешко за сите студенти во странство што се далеку од дома, одеднаш се појавува глобална пандемија, а ти си во странство. За среќа, имав можност да се вратам со хуманитарните летови и да го следам последниот семестар од дома и да дипломирам оттука. За среќа, во текот на моите студии добив две стипендии, едната беше за Еразмус размената во Португалија, а другата беше поддршка за студентите во текот на пандемијата.

Дали ти беше страв за тоа како ќе се вклопиш во новата средина?

Мислам дека таа година на пауза и волонтирање ми помогна да се прилагодам на различната средината, така што не, но морам да кажам дека првиот семестар ми беше прилично тежок со учење и адаптација на читање секој ден литература од 70 страници.

Што најмногу те фасцинира за време на студиите?

Најмногу што ми се допадна во програмата е што учев со луѓе од целиот свет, имаше луѓе од  Америка, Хонг Конг, Африка, Индија итн. Јас бев првата студентка од Македонија којашто се има запишано на програмата и воопшто на додипломски студии.

Кои се твоите желби и планови за иднината?

Во следните години се гледам во Македонија, би сакала тука да го имплементирам моето знаење и искуство стекнато во странство. Се гледам себеси во претприемништвото, бидејќи имам неколку планови и идеи коишто би сакала да ги имплементирам или да работам во невладиниот сектор. Сметам дека луѓето коишто живелее во странство можат многу да придонесат во развојот и иновациите во земјите во кои се вратиле и  се надевам дека државата ќе го искористи тоа, бидејќи многу луѓе се сега вратени тука како резултат на пандемијата. Токму и на оваа тема го изработив мојот дипломски труд каде што истражував на темата за одлив на мозоци од Западен Балкан.

Средното училиште го заврши во Гимназијата „Алгоритам“. Какво беше твоето искуство во средношколските денови?

Навистина незаборавно искуство, секогаш ќе ги паметам драмските секции после часовите и предавањата по Македонски јазик и литература на професорот Горјански, којшто ми беше огромна мотивација.

Исто така, од големо значење ми беа и часовите по Социологија каде што професорот Стојанов ми даваше да ги читам моите есеи што ги пишував на одредени теми.

Дали имаше поддршка од професорите и менторство?

Да, имаше голема поддршка и се гледаше личниот развој на учениците посебно, што е многу битен сегмент во развојот и менторството на секое дете. Гимназијата во иднина може да се фокусира на тоа како повеќе да им помогне на учениците во процесот на запишување на факултет.

Што би им препорачала на средношколците, оние кои допрва треба да одлучуваат каде ќе го продолжат своето образование?

Бидете упорни, имајте високи цели и работете постојано на себе и на тоа што го сакате. Доколку некој е заинтересиран за студии во Германија или, воопшто, во странство, слободно нека ме контактира доколку има некакви прашања, би ми претставувало задоволство да  помогнам.

  • Share:
author avatar
Algoritam

Претходна објава

Подарок за Денот на вљубените
март 2, 2021

Следна објава

Подарок за Денот на училиштето
март 11, 2021

You may also like

Изјави од родители
1 април, 2020
За пофалба е Вашата и подготвеноста на Вашите професори. Вие бевте меѓу првите кои веднаш продолжија  со настава. Верувам дека ова е предизвик и за учениците и за професорите да се снајдат во новонастанатите услови и да продолжат нормално да …

Категории

  • Uncategorized @mk
  • Наставни Активности
  • Огласна Табла
  • Постигнувања

Најнови Написи

Денот на училиштето
11Мар2021
Подарок за Денот на училиштето
11Мар2021
Интервју со Стефанија Змијанац
02Мар2021

Училиште посветено на вредностите на општествената активност, индивидуален пристап и демократичност во наставата.

Корисни Линкови

  • Webmail
  • Courses
  • Ednevnik

КОНТАКТ

+389 23116-750

+389 75 330-531

info@algoritam.mk

Бизнис Центар Палома Бјанка,
Даме Груев 16 - Кат 6, Скопје, Северна Македонија

Copyright © PHS Algoritam 2020