Креативна работилница во која учениците од прва година создаваа BLACKOUT POETRY.
Активности на часот по спорт и спортски активности.
Скриениот, невидлив свет на часот по биологија се открива преку леќата на микроскопот.
Учениците од прва година на часот по информатика отворија компјутер, ги дискутираа неговите составни делови, се запознаа со новите роботи и направија паралела помеѓу електрониката на AlphaBot и електрониката на PC компјутер.
[ИНТЕРЕН НАТПРЕВАР] Во моментов учениците од прва година ги тестираат своите јазични вештини по англиски јазик – READING. Им посакуваме многу успех!!
Честитки до нашите ученици Јована Божиновска, Марина Спанчевска и Калина Нацка за постигнатите одлични резултати на меѓународниот испит PSAT 10. Алгоритамци, вие сте нашата гордост!
Во гимназијата Алгоритам – гимназија со целосна дигитална програма, на 29.5.2019 година ќе се одржи отворен ден за учениците (од основните и средните училишта) и нивните родители. Сите кои ќе го посетат училиштето ќе имаат можност да бидат дел од …
Му се заблагодаруваме на Димитар Чакар што беше гостин-предавач и одржа одлична работилница за креирање на анимирани карактери. Учениците имаа можност да се запознаат со основите за дизајнирање и ги создадоа своите први уникатни карактери.
