[Литература] Никола Ангеловски – VIII одд

Награден конкурс на тема: 

„ Што ме движи кога се стои?“ 

 

Што ме движи кога се стои, 

ме раздвижува моето куче мило, 

тоа секојдневно радосно ме чека 

и заедно надвор се шетаме пополека. 

 

Ме движат пријателите мили 

нивните зборови се секогаш добредојден совет, 

а понекогаш и ми помагаат, 

да напишам прекрасен сонет. 

 

Фудбалската игра ме расположува лесно 

и ми го прави денот поубав целосно, 

убаво е да ја почуствуваш магијата на фудбалската топка 

и да ја слушаш како по тревата, 

милозвучно тропка. 

 

Моите родители се секогаш тука за мене, 

а нивната милина е прекрасна во секое време, 

тие ми ги исполнуваат сите желби  

и ме учат да нема делби. 

 

Сите треба да ги издржиме 

овие времиња тешки 

и заедно сплотени да се поддржиме, 

бидејќи заедно сме посилни од се! 

 

 Никола Ангеловски, VIIIа одд.

Ментор: Митра Цилевска

ООУ„Димитар Миладинов“- Центар, Скопје

 

 

 

 

 

 

 

 

 

+30