[Литература] Стефанија Ристовска – II година

Што ме движи кога сѐ стои?

 

Зарем сите мислевме

дека животот е мелодичен сјај

разигран во безгрижните зеници?

Па тој стана полуден ритам

со почеток и заматен крај,

усвитен тапан

што најавува неизвесност.

Но, што ми ја разбива монотоноста

сега кога жарот веќе почна да гори?

Живееме во филмот

на нечија историја,

го прифативме отсуството

на претераната совршеност,

времето ја изгуби својата вредност.

Се посветив на мечтите,

мечтите ми станаа цел,

целта ми стана музиката

што ја распева мојата среќа,

цел универзум се сместил во мојата луда сегашност,

пијаното повикува на двонасочен дијалог

во оваа вечерна тишина,

басот го следи пијаното,

го оставам моето постоење

во дланките на мојата музика,

сцената еден ден ќе пламне

во очите на мојата драга публика!

 

 

+3