[Литература] Сузана Емини – III година

  “Што ме движи кога се стои?”  

 

 

Што ме движи кога се стои? Хмм.. интересно прашање! Во животот имаме многу пепреки и ограничување кои ќе не натераат да се откажеме од нашите соништа и успеси. Секој човек уште од мали нозе  се учи да не падне и да не се сопне на преппреките  од животот и од светот. Некои работи кои доаѓаат не можеме да ги смениме или пак времето да го вратиме се учиме сите на некој начин да ги надмине.  

Трпливоста е едно многу убаво  чуство и корисно кој секој може да го има или пак да се труди да го има , трпеливоста  ќе ни помогне да гледаме  oд друга гледна точка  нашата трпеливост ќе ни даде надеж за многу работи во иднина 

Пристапливоста е важна особина кој секој човек треба да ја развие ако сме пристапливи  ќе можеме да покажуваме искрен интерес за другите и да ги цениме лугето да не ги гледаме со предрасуди, односно нема да гледаме кој каков е туку со сите постапуваме исто и праведно. Мудрост многу луѓе кажуваат дека се паметни но паметноста и мудроста не се исти , мудрост е  да постапуваш и размисливаш со ззрел разум. Да се  биде мудар не значи само да правиш како што ќе ти кажат другите. Мудроста извира од советите, од искуствата, од послушноста.. Мудроста е како дрво на животот сите оние што ќе ја прифатат се среќни затоа што цврсто се држат.  

Љубовта најважната особина која треба да биде развиена кај секој човек од нас. Но за жал многу луѓе се себељубиви  еве еден пример;таквите лица би можеле да ги споредам со еж кој се склопува како топка при што самиот се грее со мекиот крзнен дел од телото а на другите им покажува само острите боцки,таквите луѓе не се вистински среќни . Љубовта е долготрпелива, таа се трпи, на се се надева, оној што има љубов е длабоко приврзан кон другите и искрено е заинтересиран за нив и е верен пријател.  Со ваква  убава развиена особина можеме многу работи да истраеме затоа што таа посилна од се. Овие неколку особини ке не натераат физички и емоционално да се движиме  да ни помогнат да се движиме и ако се околу нас е блокирано или се стои.  

Да се трудиме да останеме силни особено во ваков тежок период  време во кој живееме со заразна болест (пандемија ) многу  наши мили луѓе ни одзеде  нашата радост  ја затвори . Но да не заборавиме љубовта  да си ја покажуваме  помеѓу нас  нашето семејство, нашите роднини, нашите пријатели и сите останати заслужуваат такво возвратено чуствоа.  Да покажеме  солидарноста и хуманост  кон луѓето на кој им е потребна  рака немој  да заборавиш  се што правиш да биде поттикнато од лојална љубов. Зашто љубовта ќе те крене на нозе таа се трпи се прости и пред се сака.  

Но размисли за семејството нели е дел од твојата  сила? Според мене Кога  твоите најмили се со тебе и имаш убави незаборавни моменти  можеш да се движиш, кога се околу тебе стои и никој не ти пружи рака тука е твоето семејство за тебе ,кога сите те понижуваат и не ти веруваат тука е твоето семејството да те крене и да ти верува дури со затворени очи. Семејство е дел од сите нас  зарем не мислиш и ти дека можеш да одиш напред со подршката од твоите најсакани не заборавај дека никој на светов не мисли искрено од срце за твоето најдобро .  

Освен твоето семејството твоите најмили.   

Друга причина за да одиш напред е довербата во себе. На многу луѓе им е тешко да веруваат во себе затоа што не се доволно запознаени со самите себе, но кога би работеле на нашите слабости би можеле да се промениме нашата самодоверба ќе расте со нашите мали успеси  не мора секогаш нашата успешност да  биде јавна за сите  како наппример  јас , јас не мислам  дека ќе победам не се надевам дека состав би ви се допаднал но сепак одлучив да напишам неколу  работи за да си ги искажам чувствата  дурии и ако нема да биде одбран составот нема да се обесхрабрам за тоа што  успехот секогаш не е пред прагот. Една поговорка иде немој  да се надеваш премногу за да не се разочараш од после, но ова не значи дека  треба да се откажеш оди понатаму движи се со мислите  и креативноста и понатаму не се откажувај.  

Предсе треба да не движи животот напред. во животот нема да имаме секогаш убави работи ако работиме на нашите слабости и се подготвуваме спремно во се да бидеме, ке можеме да се движиме и ако се околу нас стои.  

 

+1