[Литература] Стефанија Кузмановска – I година

,,Сонот што ме движи кога сè стои”

 

 

Кога не би чукало срце во овие гради, лесно би застанала на секоја пречка. Кога не би биле луѓе пред сè, не би се плашеле од тивката бура, никогаш не би престанале, никогаш од сè не би се откажале. Не би се откажале од нашите соништа, жарта која ја палат, не би застанале на нашите патишта- долги, предолги, кои живот значат. И кога сè би застанало, а ние бездушни би биле, никој од нас не би морал да се крие, од своите сомнежи и копнежи, од своите страдања и трауми, од сè што на плеќите ни тежи. А Сепак луѓе сме, душа и срце во нас носиме. Сепак светот не е семоќен, понекогаш и тој застанува, на момент се уморува и мислиме дека од нас се откажува. Токму тогаш, главно е она што понекогаш надоле не влече, а сепак без него сè би секнало како пресушена река која веќе не тече. Би оставило пустина бесмислена зад него и ти би застанал заедно со светот. Спротивно од сето ова, нашето срце е тука и душата не го напушта, а умот кој единствено може сè да убие, сепак тогаш прави сè да живнува. Ги буди соништата во нас, кои како гориво не движат и толку апстрактни мисли кои сепак посакуваат стварни да бидат. И нè тераат со нив да тргнеме на маратон, кој нема крај а сепак победник има, нема црвена лента, а сепак некој прв на целта стигнува, ти или твоите мисли, некој мора да победи.

Токму тогаш, кога сè од околу како да стои, истрел ќе го огласи почетокот на суровиот маратон, потежок од сите други. Зошто? Затоа што кој не се борел сам против себе, тој не знае што е вистинска борба. А оној кој се победил самиот себе, е единствениот победник кој треба да се гордее со себе. И тоа е клучната силата која те движи, соништата, гориво, душата, гради полни кислород, срце и добро да се подготвиш за трката која те чека. Ниту е кратка, ниту е лесна, а сепак е прекрасна. Прекрасна е затоа што ти трчаш додека сè околу тебе како да е мртво, се бориш без да имаш со кого, а сепак најголемиот твој противник наспроти тебе стои, никој не е свесен за борбата која со себе ја водиш, никој не навива за ти на трката да победиш. Сепак, секој пад не ти е доволен, ти сакаш одново и одново да трчаш кон својот сон, да се направиш себе и секој дел од твоето срце горд, да го победиш непријателот тивок во твојот најгласен пријател и да кажеш јас навистина живеев. Те движи твојата сила, гласните соништа, тивките ракоплескања, немите насмевки кои раѓаат среќа, и жарта во градите која уште од дете во тебе чука. Кога сето ова би го погледнале низ една стаклена призма, би виделе колку всушност бројни се работите кои мене ме движат, а сепак сè толку едноставни и примарни што не можат, а да не се видат. Мене ме движи желбата за подобро утре, ме движи копнежот по вистинска слобода, копнежот за сонот кој не завршува и секој ден ме потсетува зошто морам не само да се движам кон него, туку и да трчам со сета моја сила, а верувајте во мене многу ја има. Ме потсетува и дека треба да летам со моите крила, да бидам пилот на својот пат, да не го запирам авионот дури и кога магла е на пистата, од дожд е накисната или само сè изгледа како да стои, кога не знам дали радарот ме лаже, или може би дека на погрешен пат сум- некој ќе ми каже. Ме движи и ветеното, а никаде запишано и она кое некогаш ме терало да спијам, ме движи она кое сум го победила и она кое некогаш сум сонувала да бидам. А знаете ли што од сè најмногу ме движи? Она кое што не сум го победила. Не сеуште. Е токму ова “сеуште“ ме движи, ме тера да заборавам на моите граници, на секое “ Не можам..“, на двоумење, на мисла да се откажам. И сèкогаш, секогаш ме тера да го запаметам она “сакам“ и “морам“, она кое е кристално јасно, секогаш во центарот на метата и покрај периферните нејаснотии. Тоа ме тера да се движам. Ме движи и една посебна приврзаност која сепак не ме врзува на место, една љубов од посебен вид, едно мото без наслов и врежани зборови кои ни самата не знам како точно изгледаат. Таа љубов секогаш живее во мене, секогаш ги огледува луѓето кои ја создале, ги отсликува пред моите очи како на филмска лента, придавајќи им звук на зборови кои само еднаш ми ги кажале, а никогаш нема да ги зборавам. И не сум им заблагодарила за ништо, онолку колку што заслужуваат, не сум сигурна ни дали некогаш ќе можам. Јас само се надевам дека еден ден ќе ги остварам тие зборови, а благодарноста само тогаш ќе добие значење и смисла. Ете тој “еден ден” ме движи. Ме движат и зборовите врежани длабоко. Секој ден ми споменуваат кој сум и што сум, секој пат кога студен ветер ќе ме оддува во погрешна насока, немо а толку гласно во ушите ми одѕвонуваат, како камбански ѕвона на Велигден, како стари добри плочи кои секој пат истото го свират, а никогаш не здосадуваат, како светол знак кој ме враќа на правиот пат, како сончев зрак кој ми го топли срцето, ми ја полни душата. И ви реков, ова нема зборови кои можам на хартија да ги зпишам, а сепак ми раскажуваат. Ми раскажуваат со мојот десетогодишен глас, секогаш различни работи ми зборуваат. Некои денови на кои не им го паметам датумот, но сигурна сум дека точно можам да ги сместам на оската од мојот живот која ги поврзува секој еден од нив. Како приказна се, имаат боја и топлина, во жолто и розово се обоени, имаат живот во себе и мирис на колачи со слатка ванила. Сепак се многу едноставни, како детството. Доволно само да те потсетат на она кое беше во сршта, на детето кое уште дише во тебе, на сето она во прашина, на силата која трае и сонот кој движи, ветувањето кое си му го дал на детето во тебе, ветувањето за кое се живее. Не дека без тоа ние не би дишеле, но така само би преживувале. Така би ја оделе трката, но никогаш брзо не би трчале, не би летале, би дишеле, но не би живееле. Затоа сонувам. За да сè движам и да полетам. Затоа пак читам, за да можам уште повеќе да сонувам, толку многу што нема да можам да раскажам. И понекогаш сè плашам дека ако многу сонувам не ќе можеш доволно брзо да трчам. Но сфатив, која е смислата да трчаш, дури и најбрзо на свет, а да не знаеш за што, да не знаеш каде. Токму затоа клучно е да сонуваш, колку што е важно да дишиш, колку што е безсмислено да живеееш без да сакаш, колку што е тажно да трчаш без да знаеш на каде. Да живееш без соништа е како да патиш за повеќе без да уживаш во благодарнста или како што рекол големиот Достоевски- Да бидеш несреќен, само затоа што не знаеш дека си среќен, само толку е. Сето ова и уште неколку ендноставни работи како што е музиката, добри книги, утринското кафе и бисквити со путер…. сè работите кои ме движат кога сè стои. И може би изгледа чудно или сложено, но воопшто не е. Малата среќа со себе носи поголема, малите соништа-уште поголеми, една прочитана книга те тера да прочиташ две, еднаш слушната песна, потоа не ти излегува од ум. И така твојата трка без крај, од сурова станува прекрасна. Не затоа што е помалку сурова, туку затоа што твоите соништа се посјајни, мислите погласни, а среќата помоќна од суровоста и тагата. Сепак, само ти одбираш кој ќе победи, токму затоа ова е трка со самиот себе, борба на мислите, соништата како оружје, игра колку преполна со непишани правиа- толку повеќе игра без правила, ти како победник во неа. Ти самиот одбираш дали ќе сонуваш и мечтаеш, дали ќе трчаш и полеташ, дали ќе се движиш кога сè стои или и ти со него ќе застанеш. Она што ти не го одбираш самиот е околностите во кои ти треба да трчаш, одлуките кои ќе мораш да ги направиш, жртвите кои мораат да се дадат по цена на своите соништа, но затоа ти ја одбраш цената на твоите соништа. Ти одбираш колку жртви се вредни, а кога тоа е премногу, кога брзината не е преспора, а кога е опасна, колку високо не е превисоко, колку далеку не е предалеку. И знај, никогаш не е превисоко, предалеку, пребрзо, ниту премногу, ако тоа е во вистинска насока. А во вистинска насока е сè она што прави добро во светот. Само толку. Јас не верувам во она дека доволно е да не прави среќно нештото. Затоа што понекогаш луѓето својата среќа, за жал ја наоѓаат во погрешни работи. Во правењето други несреќни, во своето его и себичност, во безсмислената лакомост, правењето лоши работи кои сепак не влегуваат во законско повредување. А болат, навистина болат. Некои зборови и дела болат без притоа да бидат јасно зли. Тие злото го носат длабоко во себе, во манипулацијатаи и измамата, во правењето да сè чувствуваш не сигурно со себе, во желбата за многу повеќе од што ни е потребно и нешто прекриено со илјада рува на лажна добронамерност и амбиција која зад себе е многу повеќе од добронамерен сон. Затоа сметам дека е многу важно да сонуваме за добро на сите, да се движиме кон сплотеност. Затоа реков дека сонувам за вистинска слобода, а ме движи желбата за подобро утре. Затоа цврсто стојам на ставот дека треба многу слободоумно да сонуваме и посакуваме, а сепак многу, многу повеќе да винимаваме на она што нè прави среќни, она што наште соништа ќе му донесат на светот, кога цената платена во жртвување е преголема. А преголема е сигурно кога некој ќе биде тажен по цена на нашата среќа, кога некој ќе остане гладен по цена на милиони и билиони од другата страна на градот, кога дете ќе пати наместо да живее безгрижно детство, кога ќе го изгуби татака си по цена на рабоатат која макотрпно ја работел со надчовечки сили. Премногу е секоја туѓа солза и болка во душата, секоја мајка која не може да биде со своето бебе бидејќи мора да работи, секој голем одмор без појадок, бидејќи сонишатата често во себе имаат многу пари, а тие пари уште по често се нерамномерно распределени во светов. И вака можам до бескрај да ги набројувам сите не исполнети соништа за студии, подасроци кои сакаме, а не можеме да ги подариме, роденденска забава која многу деца ја немаат, дури ни тората со свеќички. Контрадикторно на сето ова, но на светов навистина постои доволно за сите. За жал тоа што постои, никогаш до сèга не успеало да купи среќа за сите. Не затоа што што не е доволно, има и повеќе од доволно, туку затоа што многумина погрешни работи ги прават среќни. Поради тоа јас сонувам за среќа која нема да боли ниту еден човек на патото кон моите соништа, на трката која нема крај. Сонувам за среќа која многу ќе вреди, може би и ќе биде скапа, ќе бара многу жртви, но никогаш не смее другите да ги чини, не ни најмалку, не смее друг да биде жртва за ничија среќа и сништа, па така ни за мојата. Тоа е моето прво правило во сонувањето, во летањето и во одлучувањето кога нешто е “прескапо“. И не ова правило за одлучување кое никогаш не ме изневери не е некоја тајна или трик, не е ниту нешто што од секогаш го знаев, но го научив. Го научив така што размислував, многу сонував, а потоа си велев, не овие соништа се премногу себични, потоа ги менував. Го научив така што грешев, понекогаш посакував да се откажам и да престанам да се движам кога сè друго застана. Го научив, кога не можев да заспијам во доцните ноќи, кога плачев и се прашував зошто јас, го научив кога сфатив дека сепак постојат добри луѓе. Вистински добри луѓе. Најмногу од сè го научив следејќи го она на кое мојот Бог ме учи, читајќи, прашувајќи се и на крајот разбирајќи дека најголемите грвови често се оние кои сепак не се казниви со закон. Почнав вистински да ги разбирам зборовите на кои мојата вера ме учи. Почнав во сето тоа да гледам сила која ме движи и благодарност која ме научи како да сонувам а да не чекам. Да не чекам крај на трката безкрајна, за да бидам среќна, да не чекам исполнети желби, да живеам сега и тука. Да живеам среќна и благодарна со луѓето околу мене, со љубовта која грее и вербата која всушност е причината поради која сонуваме. Не престанав да сонувам и да се движам затоа што во моите соништа е и туѓата среќа, насмевка и за оние кој не ги ни познавам, дом за секој што го нема, љубов на секој на кого тоа му треба, топла мајчинска прегратка, домашен оброк, парче леб или што и да е, а многу го има што е толку ефтино, а скапо, толку едноставно, а безценето, премоќно да направи некого среќен.

И знам дека секој од нас може би верува во различен Бог, но сигурна сум дека сите на добрина не учат. Секој од нас и да живее на различен крај од светот, сèкаде има гладни луѓе, сèкаде има тажни деца, а исовремено ги има и повеќе од што некогаш ќе им треба за да живеаат добро. Сите соништа сè различни на светов, но ајде нека сонуваат за доборото на сите, нека бидат толку големи што во нив ќе има место за секој еден човек на светов. Толку големи што ќе значат среќа и за мојата и за твојата и за секоја вера, раса, нација, машко или женско, дете или возрасен, богат или сиромашен. Толку големи што дури и никогаш да не се исполнат до крај ќе биде среќа кон нив да се трча, ќе биде среќа другите да се прават среќни. Ова чувство мене ме движи и кога сè делува безнадежно, кога сè делува како да стои. Има една мисла која е панделка на оваа граница помеѓу тоа да се биде човек пред сè, па потоа да се размислува за нашата среќа: ,,Кога не би постоел Бог, сè би било дозволено” и мене секогаш ме потсетува колку мојата вера ми помогна да најдам пат до вистинските вредности, притоа да не заборавам за што се борам, да не застанам дури и кога сè стои. Што те учат твоите верувања? Може би науката или што и да е она кое прави да најдеш мир во душта? Која е твојата мисла? Која е твојата мотивација да не престанеш? Што му посакуваш ти на светот за да биде среќен? Што те движи тебе кога сè стои?

 

 

 

+1