[Литература] Симона Милковска – IX одд.
Што ме движи кога сѐ стои?
Што ме движи кога сѐ стои?
Кога не е сѐ во розови бои,
кога ништо од рака не ми оди,
и се прашувам ,,Каде сега животот води?”
Што ме движи кога не можам веќе,
да се насмеам на некое убаво цвеќе?
Или пак да играм од радост
и да се веселам на мојата младост.
Ме движи упорноста кон мојата цел,
која ја остварувам дел по дел.
Ме движи подадената рака
и убавиот збор кој да се шушне сака.
Ме движи љубовта и желбата силна,
а исто така и искреноста милна.
Ме движи добрината, среќата и убавината,
а пред сѐ вистината.
Но една вистина издвојувам,
срцето го удвојувам.
Скришната насмевка ме растреперува,
душата ми ја развеселува.
Таа ми дава поттик кога ништо не ме крева,
кога не сакам никаква врева,
знае успиените желби да ги буди,
но никој нема право да ми суди.
И сфаќам дека ништо во животот не е лесно,
но животот е краток за да тапкам в место.
Затоа глава кревам и се стремам кон поголеми цели,
тоа мојата имагинација го вели.