[Литература] Симона Шутиноска – IX одд.

 

Што ме движи кога сè стои

 

Сè стои во место,

велам јас често.

Стои за да сме здрави,

па не одиме ниту на слави.

 

Дојде чудно време,

на грбот ми стои бреме.

Дома сум на час,

не можам да пуштам глас.

 

Некое ново нормално,

нешто друго е морално.

Како сè да мирува и стои,

денови до крај, секој брои.

 

Верувам во нешта убави,

први тинејџ-љубови.

Надеж пуштена преку жица,

За слобода низ шир-птица.

 

Ме движи љубовта моја,

прекриена со црвена боја.

Ме движи добра книга,

кога в рака ми стига.

 

Крикнувам на цел глас,

за подобро утре, за спас.

За весела насмевка и среќа

и добри мисли, полна вреќа.

 

 

Да, ме движи љубовта,

ме движи надежта,

ме исполнува добра мисла,

за подобро наше утре,

за нормален разигран свет,

за живот во вистинска смисла.

 

+233