[Литература] Надја Лукановски – III година

Што ме движи кога се стои?

 

Што ме движи кога се стои?

Мене ме движи мирисот на утринското кафе,

Полн со енергија и надеж.

Ме движиат бацките и шепичките на моето куче,

Мали, слатки, нежни и невини.

Ме движи звукот на мојот клавир,

Звукот на мојата гитара,

Звукот на страниците од кингата која ме има вовлечено.

Ме движи љубовта кон танцот,

Ме движи можноста да играм и да креирам игри со телото,

Ме движи играта на живот, која никогаш не сопира.

Се движам, и во процесот барам работи да ме раздвижат

Движам свесно, некогаш и несвесно.

Движам лесно, иако некогаш знае да е тешко.

Движам и не запирам.

Движам затоа што можам да се движам,

Движам затоа што сакам да се движам,

Движам затоа што морам да се движам.

 

 

 

 

0