[Литература] Мираковска Марија – II година
„Што ме движи кога сѐ стои“
Темнина ме надвиснала,
тежина ме притиснала.
Барам светлина во мракот
Барам пат низ беспатието.
Бол на болка голема
мрак во мракот без светлината.
Сепак се движам, не запирам
Чекорам бавно, но сигурно.
Целта ме движи напред
Сонот мој станува реалност.
Книга в рака држам
патувам и доживувам.
Откривам непознати сфери
затоа што биологијата многу ми вреди.
Знаењето ме придвижува
Успехот ме движи.
Глуварчето се распрснува
летаат мали ѕвездички…
Незапирливо го совладуваат хоризонтот.
Јас сум глуварче…летам ,
незапирливо, се движам.
Силата е знаењето,
моќ е совладувањето.
Ги добиваш и двете
од книгата – мојот двигател
во иднината.
+2