[Литература] Матеја Талеска – IX одд

Што ме движи кога сè стои?

 

Кога сè ќе застане

и времето неподвижно ќе остане,

кога стрелките на часовникот ќе сопрат и сè да се движи ќе престане,

животот не стои, волјата не се гасне.

 

Мене ме движи напред надежта,

којашто последна згаснува в пепел, па се преродува како Феникс.

Ме движи желбата,

жедта на лавицата за сплотеност и мир.

Кога сè ќе застане, човековото срце сепак чука,

иднината не се губи низ магловита шума.

Доброто не исчезнува, тоа да нè движи, мене и сите.

 

И кога изгледа како сè да е замрзнато

и нема повеќе чекор напред,

ме движи семејството, пријателите мои

кои ги знам и штотуку треба да ги запознаам.

 

Ме движи тоа дека некому му требам,

и можноста денот некому да му го разубавам.

Па ме движи и миленичето дома што седи,

и ситните нешта чуда прават.

 

Секако, и луѓето добродушни нè движат,

со своите чисти души сите ќе нè зближат.

Ме движи сознанието дека животот е убав –

по секоја бура, сонце следува.

 

Можеби изгледа како сè да стои,

но животот по тоа мислење не се води.

Ме движи љубовта, блиските и можностите,

иднината што ме чека и авантурите.

Правдата понекогаш е бавна желка, но како лав каса и се појавува.

Сето ова кон светли дни да нè води,

ако, сè нека стои!

 

+1.306